Приведен алкохоличар што палел сѐ и сешто кај Саем, пожаринкарите го изгаснаа огнот


Дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје во напуштен објект во близина на Скопски саем лоцирале палење на секаков вид отпад од страна на лице во алкохолизирана состојба.

Се работи за лице познато на полицијата кое во изминатиов период секојдневно го повторува делото, истото е приведено, велат од Инспекторатот.

Веднаш биле повикани противпожарните екипи од Пожарна Скопје кои веднаш го изгасиле огнот.

Денеска ќе биде известен Центарот за социјални работи Скопје.