„Бош“ разви тест за корона вирус – резултатите за три часа


Германскиот технолошки гигант „Бош“ објави дека развил брз тест за корона вирус, а „Сименс“ најави формирање на 3Д мрежа за печатење на делови од медицински уреди. Целосно автоматизираниот тест дава резултати за помалку од два и пол часа, а наменет е за употреба во болници, лекарски ординации и други здравствени установи, се вели во соопштението …

„Бош“ разви тест за корона вирус – резултатите за три часа Read More »

Влада: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 30. седница на која како прва точка го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, одржан на 27 март 2020 година. Како една од точките на овој …

Влада: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот Read More »

МФ: Со уредба се регулира секоја фирма да може да доставува фактури по електронски пат


Со донесена уредба од страна на Владата, а во насока на превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти, соопштија од Министерството за финансии. Од Министерството наведоа дека на тој начин компаниите ќе се ослободат од потребата …

МФ: Со уредба се регулира секоја фирма да може да доставува фактури по електронски пат Read More »

Спасовски: 27 март се запишува со златни букви во нашата историја


Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО. 27 март се запишува со златни букви во нашата историја. Ја остваривме првата од двете стратешки цели, објави на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, по депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор. – Денеска во Вашингтон го депониравме инструментот за ратификација на …

Спасовски: 27 март се запишува со златни букви во нашата историја Read More »

Помпео: Северна Македонија стана 30.членка на НАТО


САД денеска од Република Северна Македонија го примија инструментот за пристапување во НАТО, со што Северна Македонија стана 30. сојузничка на НАТО, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во соопштението се вели дека знамето на земјата за прв пат ќе започне да се вее пред седиштето на НАТО на 30 март. – Како што кажа …

Помпео: Северна Македонија стана 30.членка на НАТО Read More »

Шекеринска: Сега имаме НАТО Армија


Нека ни е честито. Денеска влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот. Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Го чекавме, се надевавме, работевме и се жртвувавме. На моменти мислевме дека оваа цел ќе ни остане недостижна. Меѓутоа, покажавме дека кога сакаш, можеш и невозможното да го направиш достижно, порача …

Шекеринска: Сега имаме НАТО Армија Read More »

Овозможена работата на фабриките и за време на полицискиот час


Владата попладнево соопшти дека за време на полицискиот час што утре и задутре (сабота и недела) ќе почнува од 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот следното утро, производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе …

Овозможена работата на фабриките и за време на полицискиот час Read More »

(Видео) Димитров – Брнс со корона-поздрав


Во понеделник на 30 март ќе има церемонија на која ќе се подигне македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и во командата во Норфолк, рече минстерот за надворешни работи Никола Димитров, на прес-конференција заедно со амбасадорката на САД Кејт Брнс. – Корона вирусот нема национална припадност, што подобро работиме заедно полесно ќе се …

(Видео) Димитров – Брнс со корона-поздрав Read More »

НАТО го зајакнува капацитетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот


НАТО командниот систем за управување со кризи – НИЦС, кој нашата земја целосно го имплементира во 2019 година, овозможува брзо и ефикасно координирање на активностите на сите институции во рамки на националниот одговор на кризата со Ковид-19. Сајтот достапен за јавноста: http://nicspublic.cuk.gov.mk овозможува обезбедување на информации и совети за јавноста во реално време. Следната генерација …

НАТО го зајакнува капацитетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот Read More »

Познати Американци кои починаа од коронавирус


Неколку познати личности од американскиот шоу бизнис неделава починаа од здравствени компликации поврзани со Ковид-19, болест што се добива од новиот коронавирус. Драматургот Теренс Мекнали, актерот Марк Блум, модната дизајнерка Џени Полонко, како и познатиот њујоршкиот готвач Флојд Кардоз. Мекнали, кој има добиено награда „Тони“, почина завчера во Флорида. Тој е познат американски драматург чии …

Познати Американци кои починаа од коронавирус Read More »

Бислимоски: Постои можност сметките за струја за март, април и мај да се плаќаат на рати


Постои можност сметките за потрошена електрична енергија за март, април и мај годинава да се плаќаат на рати поради актуелната состојба со коронавирусот, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -Постои можност сметките за овие месеци да се поделат на рати со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. …

Бислимоски: Постои можност сметките за струја за март, април и мај да се плаќаат на рати Read More »

(Во живо) Изјави на Димитров и Брнс за членството во НАТО


Денеска во Стејт департментот преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон ќе се депонира инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор и по тој повод министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе има видео „средба“ со амбасадорот Филип Рикер во 16.30 часот, по кој ќе следи соопштение и изјава за медиумите. Изјава за медиумите ќе …

(Во живо) Изјави на Димитров и Брнс за членството во НАТО Read More »

МИОА издава дозволи за работа и за пекари и погребници


Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека, согласно последните насоки на Владата, е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење по 21.00/16.00 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени. Од МИОА наведоа дека дозволите се издаваат за органите …

МИОА издава дозволи за работа и за пекари и погребници Read More »

Снема „Дурекс“ во светот


Најголемиот светски производител на презервативи, малезиската компанија „Karex Bhd“, предупреди за глобален недостиг на овој производ, откако блокадата поради новиот коронавирус го принуди да запре со производството. Во последните десет дена компанијата нема произведено ниту еден презерватив во трите малезиски фабрики. Тоа е веќе недостиг од 100 милиони кондоми кои обично се продаваат на меѓународно …

Снема „Дурекс“ во светот Read More »

Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час


Мерката за забрана на движењето во државава, во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале 107 лица, од кои 35 се приведени, 47 се опоменати, а за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Од МВР соопштија дека во текот на вчерашниот ден на 18 лица им се издадени решенија за изолација, …

Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час Read More »

И британскиот министер за здравство позитивен на коронавирус


По британскиот премиер Борис Џонсон, денеска и министерот за здравство на велика Британија, Мет Хенкок објави дека е позитивен на новиот коронавирус, пишува весникот „Мирор“. Откако развил симптоми во средата навечер, Хенкок бил тестиран и по добиениот позитивен резултат тој сега работи од дома. Џонсон, исто така, се наоѓа во самоизолација во Даунинг Стрит. Тој …

И британскиот министер за здравство позитивен на коронавирус Read More »

Италија: За 24 часа починаа 712 луѓе


Италија се уште не го достигна врвот на заразата со корона вирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи. – Не го достигнавме врвот и не сме го минале, изјави Силвио Брусаферо на прес-конференција. Сепак, тој дополни дека има знаци на …

Италија: За 24 часа починаа 712 луѓе Read More »

Увезените краставици од Албанија не ја нарушуваат состојбата на домашниот пазар


Во моментов нема нарушување на домашниот пазар од увезените албански краставици. Стабилна е состојбата и со раната зелка за која интензивно се бараат странски купувачи. Отстранети се и пречките за транспорт. За возачите веќе една недела не важи обврската да останат 14 дена во карантин, ако ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи имаат посебни дозволи. …

Увезените краставици од Албанија не ја нарушуваат состојбата на домашниот пазар Read More »

(Видео од дрон) Пусти се светските метрополи


Од празна Будимпешта до пусти плажи во Бразил, градовите низ светот изгледаат како да се напуштени. Поголемиот дел од населението е повлечено во своите домови, со цел да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците се сосема празни, пишува Евроњуз. Снимката, која е направена со дрон во неколку градови низ светот, на почетокот го …

(Видео од дрон) Пусти се светските метрополи Read More »