Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час


Мерката за забрана на движењето во државава, во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале 107 лица, од кои 35 се приведени, 47 се опоменати, а за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Од МВР соопштија дека во текот на вчерашниот ден на 18 лица им се издадени решенија за изолација, додека 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

При полициска контрола над лица во изолација и самоизолација, евидентирано било дека во еден случај, лице во самоизолација не ја почитувало оваа мерка, односно не било пронајдено во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа, од МВР информираат дека извршени се вкупно 206 контроли и во три случаи констатирани се непочитување на мерките.