(Видео) Димитров – Брнс со корона-поздрав


Во понеделник на 30 март ќе има церемонија на која ќе се подигне македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и во командата во Норфолк, рече минстерот за надворешни работи Никола Димитров, на прес-конференција заедно со амбасадорката на САД Кејт Брнс.

– Корона вирусот нема национална припадност, што подобро работиме заедно полесно ќе се справиме со него. Од денес, имаме помош од САД формално како членка на НАТО, заедно со 28 други членки на Алијансата – додаде Димитров.

Брнс рече дека се горди што ја имаат земјава како сојузник, како полноправна членка на НАТО.

Министерот и амбасадорката, се поздравија со потчукнување со лакти, со што покажаа дека се придржуваат кон препораките за заштита од корона вирусот.