Неколку лекарки од Штип во домашна изолација


Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во …

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација Read More »

Анестезиолог ќе одговара за смртта на родилката во „Санте плус“


По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против …

Анестезиолог ќе одговара за смртта на родилката во „Санте плус“ Read More »

Двајца американски законодавци во доброволен карантин поради коронавирусот


Американските законодавци, сенаторот Тед Круз и конгресменот Пол Госар, синоќа изјавија дека одат во доброволен карантин откако на конзервативен настан при крај февруари имале контакт со лице кое подоцна се тестирало позитивно за коронавирус. Законодавците учествувале на собирот на Конзервативна политичка акција, годишен настан на американските републиканци кој во Вашингтон се одржа при крајот на …

Двајца американски законодавци во доброволен карантин поради коронавирусот Read More »

Во среда завршува пријавувањето на дијаспората за изборите


Во среда на полноќ (11 март) завршува пријавувањето на македонските државјани кои работат и живеат во странство за гласање на парламентарните избори закажани на 12 април. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пријавени за гласање се 4.299 македонски државјани од повеќе делови на светот. Засега е неизвесно дали воопшто ќе се одржат …

Во среда завршува пријавувањето на дијаспората за изборите Read More »

Николовски: Директорката на Дерматологија не беше на мојата свадба


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска ги демантираше написите во некои медиуми за наводни карантини на функционери на СДСМ, поврзани со корона вирусот. -Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона. Лажни се вестите дека директорката со …

Николовски: Директорката на Дерматологија не беше на мојата свадба Read More »

Се расчистува теренот за новиот парк во Карпош 4


Во скопската населба Карпош 4, покрај булеварот „Илинден“, во тек се интензивни активности за расчистување и рамнење на теренот за изградба на нов парк. Како што информираат од Општината Карпош, веќе неколку денови, механизацијата работи на терен и го расчистува градежниот шут и кабаст отпад што со децении се одложувал на оваа јавна површина. Во …

Се расчистува теренот за новиот парк во Карпош 4 Read More »

Состанок на министрите за надворешни работи со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседавање со Бeрлински процес на Северна Македонија и Бугарија


Во Скопје утре ќе се одржи Состанок на министри за надворешни работи, со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година. Освен шефовите на дипломатии на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западниот Балкан, на состанокот ќе земат учество претставници на институциите на ЕУ и Советот за регионална соработка.  …

Состанок на министрите за надворешни работи со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседавање со Бeрлински процес на Северна Македонија и Бугарија Read More »

Корона вирусот „влезе“ во седиштето на НАТО во Брисел


Службеник на НАТО, кој работи во седиштето на алијансата во Брисел е позитивен на корона вирус, откако се вратил од италија. Од НАТО ја потврдија информацијата, дека еден нивни вработен е позитивен на корона вирус. Во соопштението се вели дека тој се вратил од одмор во северна Италија, и дека се чувствувал многу лошо минатата …

Корона вирусот „влезе“ во седиштето на НАТО во Брисел Read More »

Средства за дезинфекција со поминат рок им прати Хрватска на граничарите


Во обид да ги заштити од вируси оние кои се напрвата линија на удар и во контакт со голем број луѓе, надлежните во хрватска им поделија на граничарите заштитна опрема, но како што некои споделија на Твитер, средствата за дезинфекција се со поминат рок и тоа пет години. Како што пренесе „Слободна Далмација“, првиот производ …

Средства за дезинфекција со поминат рок им прати Хрватска на граничарите Read More »

По обилните дождови постои опасност да се излее Сена


Градот Париз најави дека презема мерки на претпазливост, откако во текот на денот се очекува водостојот на Сена да достигне 4,30 метри, јави дописникот на МИА. -Нивото во моментов е 3,90 метри, а според предвидувањата, треба да достигне 4,30 метри, изјави помошникот на градоначалникот за безбедност на Париз, Коломб Бросел. Одлучено е да се пренесат …

По обилните дождови постои опасност да се излее Сена Read More »

Бројот на жртви од Ковид-19 незначителен во однос на последиците од срцеви заболувања, рак, сообраќајки


Загриженоста на јавноста расте поради ширењето на новиот коронавирус и бројот на смртни случаи кои достигнаа 3.400, но фаталните последици од вирусот Ковид-19 се незначителни во споредба со последиците од срцеви заболувања, рак, сообраќајни несреќи, самоубиство… Најголемите „убијци“ во моментот се кардиоваскуларни заболувања – од хипертензија до мозочен удар. Тие се одговорни за 17,8 милиони …

Бројот на жртви од Ковид-19 незначителен во однос на последиците од срцеви заболувања, рак, сообраќајки Read More »

(Видео) Новозаразените дошле со автобус, ќе се интервјуираат сите 40-тина патници


Двајцата новозаразени со коронавирус се вратиле од Италија со автобус во кој имало уште 40-тина патници од Скопје, Куманово и Дебар. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека сите се идентификувани и откако ќе бидат лоцирани ќе бидат направени интервјуа со нив. Сепак, Филипче вели дека е мал ризикот за второлиниско пренесување на вирусот. Двајцата …

(Видео) Новозаразените дошле со автобус, ќе се интервјуираат сите 40-тина патници Read More »

Пристигнаа машините за рециклирање пластични шишиња, за секое враќаат по 1,5 денари


Денеска пристигнаа првите 9 од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП Паркинзи на Општина Центар кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на општина Центар. Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да …

Пристигнаа машините за рециклирање пластични шишиња, за секое враќаат по 1,5 денари Read More »

До 13 март нема претстави во Драмски театар


По препорака на Владата на Република Северна Македонија поради коронавирусот, НУ Драмски театар Скопје ќе продолжи со прекинот на репертоарот до 13 март годинава. Купените билети, како што информираат од Драмски театар Скопје, ќе може да се заменат за друга претстава  или средствата ќе бидат вратени.

Уште два случаи на корона вирус во Македонија


Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот. -Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Од Министерството додаваат …

Уште два случаи на корона вирус во Македонија Read More »

Повреден возач кој со автомобил излетал од патот Тетово-Скопје


Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладневво откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово. -Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „Пежо 207“ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и …

Повреден возач кој со автомобил излетал од патот Тетово-Скопје Read More »

Сугарески: Забрзани се градежните активности за рехабилитација на патот Градско-Прилеп


Интензивно почнаа работите на рехабилитацијата на делницата од Фариш до Дреново во должина од околу 9,5 километри на патот Прилеп-Градско кој ќе добие нови слоеви асфалт со што ќе се обнови патот и посигурно ќе се патува, зашто беше во лоша сосотојба. При денешниот увид на работите министерот за транспорт и врски Горан Сугарески нагласи …

Сугарески: Забрзани се градежните активности за рехабилитација на патот Градско-Прилеп Read More »

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми


Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, особено што кај нас беше најавен во предизборен контекст, нејасно дефиниран и затоа не може да се зборува за резултати од тој процес. Искуствата од регионот укажуваат на потребата од особена внимателност и сеопфатна дебата за процесот на ветинг, додека според експертите подобро решение за нашите околности …

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми Read More »

(Фото) Уапсиле бабичка на нејзиниот 100-ти роденден


Една бабичка во САД ќе го прослави својот роденден во затворска ќелија. Полицајците дошле во старечки дом во Северна Каролина и ја уапсиле Рут Брајант на нејзиниот стотти роденден. Место да јаде торта со своите другарки пензионерки, бабичката е одведена во затвор со лисици на рацете, пренесе Њујорк Пост. Но, се покажало дека ова всушност …

(Фото) Уапсиле бабичка на нејзиниот 100-ти роденден Read More »

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина


Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно. Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопшти денеска Железници Транспорт на РСМ. Оттаму соопштуваат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16.10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина …

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина Read More »