Се враќа железничката линија Скопје-Приштина


Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно.

Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопшти денеска Железници Транспорт на РСМ.

Оттаму соопштуваат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16.10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19.10 часот.

Од Приштина  поаѓањето ќе биде во 7.10 часот, а пристигнувањето во Скопје во 9.52 часот.

– Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата, стои во соопштението.