Пристигнаа машините за рециклирање пластични шишиња, за секое враќаат по 1,5 денари


Денеска пристигнаа првите 9 од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП Паркинзи на Општина Центар кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на општина Центар.

Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота и да обезбедат здрава и чиста животна средина во општината. За секое рециклирано шише жителите на општина Центар кои ќе се вклучат во овој процес ќе добијат 1,5 денари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините. Со оваа картичка тие ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и слично или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието.

До крајот на 2020 година ќе бидат поставени уште 18 повратни вендинг машини кои ќе бидат обезбедени од Општина Центар.