(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче


Проследете ја во живо прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче. Синоќа, немало нови случаи каои се испитуваат за корона вирус, но утрово еден патник кој на 7 март дошол од Германија со покачена температура се јавил за тестирање. Во текот на неколку часа ќе има резултати. Филипче информира дека назначена е нова директорка на …

(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче Read More »

Челзи Менинг се обиде да се самоубие


Поранешната американска аналитичарка Челзи Менинг, која достави податоци до основачот на Викиликс, вчера се обиде да се самоубие, два дена пред судењето на кое треба да одговара на обвиненијата за непочитување на судот. Таа е хоспитализирана и се опоравува. Менинг требаше утре да се појави пред суд во американската сојузна држава Вирџинија и да одговара …

Челзи Менинг се обиде да се самоубие Read More »

НЛБ Банка со променето работно време на експозитурите и превентивни мерки за коронавирусот


НЛБ Банка изврши промена на работното време на експозитурите, согласно со  усвоените мерки на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести, со цел превенција на ширење на коронавирусот.  Експозитурата во Валандово ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од осум до 12 часот, додека експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички …

НЛБ Банка со променето работно време на експозитурите и превентивни мерки за коронавирусот Read More »

(Видео) Вучиќ се накашла – сите се исплашија


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција почна да кашла откако се напи вода, додека новинарите му поставуваа прашања. Тој кашлаше повеќе од десет секунди, го извади и своето марамче, а во салата настана молк. Вучиќ се засркна од водата, а потоа се пошегува. „Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам …

(Видео) Вучиќ се накашла – сите се исплашија Read More »

Германска комора: Отворени прашања по пресот на Филипче, да се решат во најкус рок


Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок, реагира денеска Делегацијата на германското стопанство во земјава. -Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му …

Германска комора: Отворени прашања по пресот на Филипче, да се решат во најкус рок Read More »

Прв смртен случај од Ковид-19 во Грција


Во Грција рано утрово беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет. Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, …

Прв смртен случај од Ковид-19 во Грција Read More »

Добри вести од Хрватска: Излечени првите тројца пациенти од корона вирус, во БиХ нови случаи


Првите три пациенти кои во Хрватска заболеа од корона вирус покажаа негативни тестови на вирус, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош. Тие се уште се во карантин, а ако вториот тест биде негативен, ќе бидат пуштени дома во рок од 48 часа, пренесе „Јутарњи“. Министерот Берош утрово објави дека во Хрватска за сега нема …

Добри вести од Хрватска: Излечени првите тројца пациенти од корона вирус, во БиХ нови случаи Read More »

Ќе одлучат ли лидерите на партиите да ги одложат изборите?


Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин …

Ќе одлучат ли лидерите на партиите да ги одложат изборите? Read More »

Затворен граничниот премин „Прохор Пчински“


Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека од денеска од 7 часот утрово, а согласно насоките од Србија поради коронавирусот, ќе биде затворен граничниот премин „Прохор Пчински“. „Ги известуваме граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од утре 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид …

Затворен граничниот премин „Прохор Пчински“ Read More »

Можно е да се откаже трката во Формула 1 во Мелбурн


Главниот службеник за здравствена заштита на Викторија, Брет Сатон, изјави дека Формула 1 трката во Мелбурн би можела да се откаже доколку бидат потврдени случаи на инфекција со коронавирус кај тимовите. Четворица стручњаци од тимот на Хаас и еден претставник на Мекларен беа изолирани поради сомневање за зараза со вирусот. – Ако тестовите се позитивни, …

Можно е да се откаже трката во Формула 1 во Мелбурн Read More »

Србија: Уште еден заразен со Ковид-19, вкупно досега – 19


Во Србија е потврден уште еден случај на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени е 19, соопшти утринава Министерството за здравство. До денеска, во 8 часот, вкупно 160 лица се тестирани. Од последниот извештај, во 20 часот синоќа до 8 часот утрово, биле тестирани примероци од девет лица, од кои едниот бил …

Србија: Уште еден заразен со Ковид-19, вкупно досега – 19 Read More »

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на конвенција ги претстави кандидатите за пратениците


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вечерва во Македонската филхармонија на конвенција ги претставија кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори. Пред присутните се обратија лидерот на партијата Христијан Мицкоски и носителите на кандидатските листи во шестте изборни единици. -Македонија заслужува обнова. Обнова на системот на вредности, обнова во секоја сфера од нашето општество, …

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на конвенција ги претстави кандидатите за пратениците Read More »

Три политички партии веќе доставиле листи за изборите на 12 април до ДИК


До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска кандидатски листи доставиле три политички партии. Рокот за доставување листи за претстојните предвремени избори на 12 април завршува утре на полноќ. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани за МИА вели дека и покрај состојбата со корона вирусот и мерките што се преземени, ДИК продолжува да работи, но истовремено ги …

Три политички партии веќе доставиле листи за изборите на 12 април до ДИК Read More »

СЗО им порача на националните влади дека е време за агресивни акции


Официјални претставници на Светската здравствена организација им порачаа на националните влади дека е време за агресивни акции, сега кога избувнувањето на коронавирусот стигна до нивото на пандемија. Директорот на СЗО Тедрос Адхнанон Гебрејесус изјави дека со прогласувањето на пандемија земјите се повикани да развиваат свои механизми за реагирање во вонредни состојби, пренесуваат американските медиуми. -Подгответе …

СЗО им порача на националните влади дека е време за агресивни акции Read More »

Заев: Се обединивме во голема мултиетничка победничка коалиција „Можеме“


– Најголемата предизборна коалиција до сега „Можеме“ препознава важност државата да продолжи по вистинскиот пат, тоа и ќе се случи. Нема враќање назад. Со ваква понуда и програма, надополнета со квалитетни персонални решенија секому му е јасно дека сме победници на 12 април. По победата продолжуваме на вистинскиот пат затоа што можеме уште повеќе, можеме …

Заев: Се обединивме во голема мултиетничка победничка коалиција „Можеме“ Read More »

Здравствените работници да не користат одмори, ќе се регрутираат доктори да помогнат на Инфективна


Владата ќе постапи по препораките од Светската здравствена органзиација по одлуката за прогласување пандемија, а за што ќе имаат разговори со претставникот на СЗО во државава како и со регионалниот директор, појасни министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Со дополнителните мерки што ги усвоила Владата, на сите вработени во здравствен сектор им се …

Здравствените работници да не користат одмори, ќе се регрутираат доктори да помогнат на Инфективна Read More »

Мајката на трите деца на Флојд Мејведер пронајдена мртва


Мајката на трите деца на Флојд Мејведер, Џози Херис е пронајдена мртва во автомобил пред нејзиниот дом. Веста за трагичниот настан во гратчето Валенсија во САД ја пренесе порталот „ТМЗ“. Полициски екипи веднаш излегоа на терен и според првичните информации во американските медиуми, случајот се истражува како сомнителен, а увид на лице место изврши и …

Мајката на трите деца на Флојд Мејведер пронајдена мртва Read More »

Што е тоа пандемија?


Пандемијата е епидемија на заразна болеста која се шири низ голема област – на повеќе континенти или ширум светот. Светската здравствена организација денеска ја прогласи епидемијата на вирусот Ковид-19 за пандемија, со што укажа на сериозноста на инфекцијата со новиот коронавирус. Додека епидемијата е термин што означува брзо ширење на заразна болест кај голем број …

Што е тоа пандемија? Read More »

Хрватска: Потврдени три нови случаи на коронавирус


Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљавиќ“ во Загреб се потврдени уште три нови заразени лица со коронавирус. Се работи за лица кои пристигнале од Австрија и Германија. До сега во Хрватска се потврдени 19 заболени лица.

Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни


Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми, член на Демократската унија за интеграција и воедно министер за образование и наука, во врска со владините мерки да се прекине наставата на 14 дена заради коронавирусот. – Во основното образование имаме нов Закон за основно образование каде што е …

Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни Read More »