СЗО им порача на националните влади дека е време за агресивни акции


Официјални претставници на Светската здравствена организација им порачаа на националните влади дека е време за агресивни акции, сега кога избувнувањето на коронавирусот стигна до нивото на пандемија.

Директорот на СЗО Тедрос Адхнанон Гебрејесус изјави дека со прогласувањето на пандемија земјите се повикани да развиваат свои механизми за реагирање во вонредни состојби, пренесуваат американските медиуми.

-Подгответе ги своите болници, заштитете и облечете ги своите здравствени работници и да внимаваме едни на други бидејќи сме си потребни едни на други, советуваше денеска Тедрос.

Доктор Мајк Рајан, шеф на програмата на СЗО за вонредни ситуации, упати отворено предупредување за итноста на вонредната состојба во здравството.
Рајан изјави дека Иран и Италија сега се во првите борбени линии.

-Тие страдаат, но можам да ви гарантирам дека наскоро и други земји ќе се најдат во таа ситуација, рече тој.