Што е тоа пандемија?


Пандемијата е епидемија на заразна болеста која се шири низ голема област – на повеќе континенти или ширум светот.

Светската здравствена организација денеска ја прогласи епидемијата на вирусот Ковид-19 за пандемија, со што укажа на сериозноста на инфекцијата со новиот коронавирус.

Додека епидемијата е термин што означува брзо ширење на заразна болест кај голем број луѓе во мал временски период, пандемијата е повеќе како географски маркер, што треба да укаже на тоа дека болеста се проширила низ голема област.

Самиот збор „пандемија“ е изведен од грчките зборови „pan“ (сите) и „demos“ (луѓе), што му дава и лингвистичка тежина на терминот.

Распространетата болест во која бројот на заразени лица е стабилен и не се зголемува не спаѓа под пандемија. Затоа, сезонската појава на грип, иако влијае на голем број луѓе ширум светот, не се смета за пандемија.

Исто така, болеста мора да биде и заразна со цел да се прогласи за пандемија. Тоа што е широко распространета и одзема многу животи, не се единствените критериуми.

На пример, карциномот е одговорен за исклучително голем број на смртни случаи секоја година и е распространет низ целиот свет, но не може да се смета за пандемија затоа што не е заразен.

Кога досега била прогласена пандемија?

2009 година поради свинскиот грип

1981 година поради ХИВ

1918 година поради шпанската грозница

1870 година поради големите сипаници

1347 година поради бубонската чума.