Затворен граничниот премин „Прохор Пчински“


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека од денеска од 7 часот утрово, а согласно насоките од Србија поради коронавирусот, ќе биде затворен граничниот премин „Прохор Пчински“.

„Ги известуваме граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од утре 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево“, соопштија од МВР.