(Видео) Вучиќ се накашла – сите се исплашија


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција почна да кашла откако се напи вода, додека новинарите му поставуваа прашања.

Тој кашлаше повеќе од десет секунди, го извади и своето марамче, а во салата настана молк. Вучиќ се засркна од водата, а потоа се пошегува.

„Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви“, кажа Вучиќ.

Во Србија се пријавени 19 случаи на инфекција со коронавирус, а од денеска се затвораат инекои гранични премини и воведена е забрана за собирање во затворени простории.