Мајката на трите деца на Флојд Мејведер пронајдена мртва


Мајката на трите деца на Флојд Мејведер, Џози Херис е пронајдена мртва во автомобил пред нејзиниот дом. Веста за трагичниот настан во гратчето Валенсија во САД ја пренесе порталот „ТМЗ“.

Полициски екипи веднаш излегоа на терен и според првичните информации во американските медиуми, случајот се истражува како сомнителен, а увид на лице место изврши и тим за истражители на самоубиства.

Мејведер и Херис имаа турбулентен однос. Боксерот, кој важи за еден од најбогатите спортисти на планетата, беше осуден за насилство во семејството и два месеца мина во затвор по нападот во врз неа и нанесените повреди во 2010 година.

Двојката беше заедно од 1995 година до 2010 година и од нивната љубов произлегоа Корана, Џиру и Зона.