Во Србија 100 новозаразени, починаа тројца
Во Србија, според последните информации со 15 часот денеска, регистрирани се 100 новозаразени. Во истиот период починале уште тројца пациенти. Тестирани се 7.352, а вкупно од почетокот на епидемијата 811.920. На респиратор се 68 пациенти, а 1.612 се лекуваат во болница.