На забава во Колумбија убени осум млади луѓе


 

Владата на Колумбија понуди награда во вредност од 53.000 американски долари за информација по убиството на осум млади луше кое се случи во југозападната провинција Нарино.

Четворица непознати упаднале на забава во саботата која се одржувала во куќа во Саманиего и почнале да пукаат. Убиле седум момчиња и една девојка. Мотивот за нападот не е јасен, но во ова погранично подрачје со Еквадор активни се низа банди кои се занимаваат со препродажба на дрога.

Оние кои го преживеале нападот рекле дека некои од нив во саботата примиле заканувачки пораки со кои биле предупредени да ја прекинат забавата.

Група млади луѓе организирале забава во една празна куќа на баба од организаторите и пиеле пиво и слушале музика, затоа што бил откажан фестивал поради корона вирусот.

Повеќето од убиените или штотуку завршиле средно или биле на факултет. Убиената девојка планирала да студира медицина, едно момче студирало спорт.

Татко на едно од убиените момчиња вели дека неговиот син бил на забавата со девојката која прежувеала правејќи се мртва.

Сите што биле во дворот загинале, а се спаиле тие што се криеле во кујната.