Во Крива Паланка и Кратово 31 лице во изолација


 На вкупно триесет и едно лице од општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово им е изречена мерка за изолација заклучно со вчерашниот ден, информира службата за комуникација со јавност при Секторот за внатрешни работи, Куманово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 10 до 17 август 2020 година на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка и Ранковце во моментот се евидираат шеснаесет лица со решение за изолација, додека на подрачје на ПС од ОН Кратово има петнаесет лица со решенија за изолација.

Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на ПС од ОН Крива Паланка  во текот на изминатaтa недела нема регистрирано прекршоци и нема изречено мерки спрема угостители за непочитување на мерките и протоколите изречени од Владата на РС Македонија и министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата до денес,  на подрачјето на Крива Паланка беа регистрирани вкупно 28 лица заразени со Ковид-19, а бројот на активни случаи засега е пет, додека во Општина Кратово, од почетокот на пандемијата со вирусот беа заразени петнаесетмина, а активни до денес двајца.