Бугарија со само 32 нови случаи на Ковид-19, тројца починаа


 

Во соседна Бугарија во изминатото деноноќие за 24 часа заболеа уште 32 од Ковид-19, додека три лица починаа.

Од почетокот на епидемијата заболеа вкупно 14.365 лица, починаа 498, додека тестирани се вкупно 334.311 примероци, пренесе БТА:

Во моментот, активни се 4.681 случаи, во болница се лекуваат 807 пацинти од кои 56 на одделенијата за интензивна нега.