Значителен пад на бројот заразени во БиХ


 

Во полседните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 102 новозаразени лица со корона вирус на направени 1.613 тестови. Ова е значителен пад на бројот заразени во земјата во еден ден, во однос на бројот на тестирани.

Во Федерацијата пријавени се 1.050 луѓе за тестирање од кои 58 биле позитивни на Ковид-19.

Досега тестирани се вкупно 102.892 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 9.659 лица.

До денеска оздравеле 6.092 пациенти, а активни се 3.338 случаи позитивни на Ковид-19.

Пријавени се пет смртни случаи, со што вкупниот број жртви се искачи на 259.

Во Република Српска забележани се 44 позитивни случаи од 563 тестирани.

Исто така пријавен е еден смртен слуачј, со што вкупно починаа 212.

Оздравеле 3.661, од вкупно 6.186 заразени, а тестирани се 57.807 лица.