Во Хрватска нови 85 случаи со Ковид-19, најмногу активни од април наваму


Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека во земјата во последниото деноноќие има нови 85 случаи со Ковид-19, но и малку се тестирани, односно само 990.

Жупаниите од утрово пријавија 106 новозаболени, но штабот и жупаниите во различно време ги објавуваат податоците.

Во болница се лекуваат 126 пациенти со Ковид-19. Во моментот има 1.236 активни случаи со корона висур, што е најголем број од април наваму, кога се бореја околу 1.250 случаи.

Досега во Хрватска заболеа 6.656 ос Ковид-19, оздравеа 5.254, а починаа 166 пациенти.