И Индија најави вакцина до крајот на годината


  Индија ќе има своја вакцина против Ковид-19 до крајот на оваа година, рече во саботата министерот за здравство Харш Вардан. „Еден од нашите кандидати за вакцина против Ковид-19 се наоѓа во трета фаза од клиничкото испитување. Уверени сме дека вакцината ќе биде развиена до крајот на оваа година“, рече министерот, пренесе Си-ен-ен. „Среќен сум …

И Индија најави вакцина до крајот на годината Read More »

Спаренѕа: Италија нема повторно да се затвора и покрај растот на нови случаи со Ковид-19


Италијанската Влада не размислува за повторно затворање на земјата за да го спречи ширењето на  коронавирусот, изјави министерот за здравство Роберто Сперанѕа, и покрај постојаниот фактот дека изминатиот месец е забележен раст на нови случаи. Италија, една од најтешко погодените земји во Европа со над 35.000 смртни случаи, вчера соопшти за 1.071 нови случаи, првпат …

Спаренѕа: Италија нема повторно да се затвора и покрај растот на нови случаи со Ковид-19 Read More »

Во Русија речиси 5.000 новозаразени


  Русија денеска потврди 4.852 случаи од корона вирус, а вкупниот број инфицирани достигна 956.749, соопштија здравствените власти. Од Ковид-19 починаа уште 73 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 16.383 пациенти, пренесе Тас. Од инфекција со корона вирус оздравеа уште 3.162 пацинти, а вкупно вирусот го победија 770.639 луѓе. Русија според бројот потврдени случаи …

Во Русија речиси 5.000 новозаразени Read More »

Вонредно прскање против комарци во вторник


Град Скопје соопшти дека поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, донел одлука во вторник да спроведе вонредно прскање против комарци. Оваа година, како што посочија од Град Скопје, извршени се четири авионски и четири терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на …

Вонредно прскање против комарци во вторник Read More »

Двајца мотоциклисти повредени во две одделни сообраќајки во Скопје


Двајца мотоциклисти вчера се повредени во две одделни сообраќајки што се случиле во Скопје. Како што информира МВР, во првата сообраќајка што се случила вчера во 12:00 часот на улицата „Скупи“ учествувале патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) …

Двајца мотоциклисти повредени во две одделни сообраќајки во Скопје Read More »

(Видео) Хаос на словенечко-австриската граница, се чека по 13 часа


Новата уредба на австриската влада предизвика хаос на границата со Словенија во покраината Корушка. Кај тунелот „Караванки“ патниците, според полициското соопштение, чекале по 10 часа, а на преминот „Лојблтунел“ се чекало и по седум часа. Во покраинската дирекција на полицијата во текот на целата ноќ ѕвонел телефонот, затоа што патниците постојано се жалеле. Исто така, …

(Видео) Хаос на словенечко-австриската граница, се чека по 13 часа Read More »

Тринаесет лица починале бегајќи од полицијата на недозволена забава во Лима


Најмалку 13 лица ноќеска загинале во предградието на перуанскиот главен град Лима бегајќи од полицијата која дошла да испита неодобрена забава, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе ДПА. Полицијата првично била повикана во барот каде што се собрале околу 120 лица, кршејќи ги мерките против коронавирусот со кои се ограничуваат масовните собири. Откако полицијата влегла …

Тринаесет лица починале бегајќи од полицијата на недозволена забава во Лима Read More »

Повеќето Руси не сакаат да ја примат домашната вакцина против Ковид-19


  Повеќе од половина од Русите не сакаат да ја примат домашната вакцина против корона вирусот, покажа новото истражување . Поточно, само 42 отсто од Русите се согласиле да ја примат вакцината „спутник V” која е претставена минатата недела во Русија. Russia Today пишува дека претседателот на Русија Владимир Путин на 11 август објави дека …

Повеќето Руси не сакаат да ја примат домашната вакцина против Ковид-19 Read More »

Во Франција забележани 3.602 случаи со Ковид-19


  Во Франција во последните 24 часа забележани се уште 3.602 случаи со корона вирус. Во истиот период починаа девет лица, со што вкупниот број жртви се искачи на 30.512. Ди сега воземјата потврдени се 238.002 случаи со корона вирус, пренесе Ројтерс. Бројот на пациенти на интензивна нега е 380. Во Франција во четвртокот беа …

Во Франција забележани 3.602 случаи со Ковид-19 Read More »

Велика Британија и Германија загрижени од се поголемиот број заразени


  Во Велика Британија денеска се регистрирани нови 1.288 случаи со крона вирус, што е за 250 повеќе од вчера. Истовремено починаа 18 пациенти од последиците од корона вирус, пренесе Ројтерс. Само во Шкотска 123 биле позитивни на вирусот, што е прв пат по мај, таму да има троцифрен број новозаразени, со што вкупниот број …

Велика Британија и Германија загрижени од се поголемиот број заразени Read More »

Расте бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија


  Во соседна Албанија продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани поради корона вирусот, но и на они кои оздравеле од Ковид-19. Во последните 24 часа во оваа земја регистрирани се 156 случаи со корона вирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 8.275, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита. …

Расте бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија Read More »

Средношколците на протести ќе бараат да учат во училиште


Незадоволни од одлуката на Министерството за образование наставата во новата учебна година да се следи исклучиво онлајн, средношколците во петок излегуваат на протест во Скопје. Унијата на средношколци бара од властите овозможување и на физичко присуство на наставата во регионите каде тоа го дозволуваат здравствените услови. Доколку Министерството за образование остане на одлуката за исклучиво …

Средношколците на протести ќе бараат да учат во училиште Read More »

Берово е новото жариште, нема пункт за Ковид-19


Берово е новото жариште на коронавирус, откако по вчерашните осум случаи, денеска се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19. Поради долгото процесирање на резултатите на тестовите на социјалните мрежи со свои реакции излегоа неколку пензионирани лекари, кои велат дека е потребен пункт со поголем капацитет за тестирање. -Тестирањата во Берово се праќаат во Центарот за …

Берово е новото жариште, нема пункт за Ковид-19 Read More »

Италија регистрира повеќе од 1.000 нови случаи – прв пат од мај


  Во Италија во последните 24 часа регисртирани се 1.071 нов случај со корона вирус, што е прв пат од мај наваму. Последен пат во Италија имаше повеќе од 1.000 заболени во еден ден на 12 мај, кога беа регистрирани 1.402 случаи, шест дена пред укинување на десетдневниот карантин, пренесува Ројтерс. Од почетокто на епидемијата …

Италија регистрира повеќе од 1.000 нови случаи – прв пат од мај Read More »

Регистрирани 159 новозаразени, починаа шест пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 32 – Куманово 25 – Дебар 1 – Штип 8 – Прилеп 7 – Тетово 9 – Струга 15 – Велес 2 – Битола 1 – Охрид 4 – Кавадарци 5 – Гостивар 22 – Гевгелија …

Регистрирани 159 новозаразени, починаа шест пациенти Read More »

На експериментален концерт во Лајпциг ќе се утврдува колкав е ризикот од зараза


  Во германскиот град Лајпциг денеска ќе се одржи необичен експериментален концерт на кој научниците ќе го пресметаат однесувањето на публиката, настојувајќи да проучат колкав е ризикот од зараза со корона вирус на големи собири од тој тип. The Daily Sabah пишува дека германскиот поп=пејач Тим Бенџко, ги здружил силите со научници од Универзитетската болница …

На експериментален концерт во Лајпциг ќе се утврдува колкав е ризикот од зараза Read More »

Во Белорусија блокирани порталите кои известуваа за протестите


Властите во Белорусија блокираа над 20 интернет-страници, вклучително и некои странски портали, кои известуваа за двонеделните антивладини протести, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари. Додека државната издавачка куќа престана да ги печати независните весници Народна волја и Комсомолскаја правда, а како причина ја наведе неисправност на опремата. Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради …

Во Белорусија блокирани порталите кои известуваа за протестите Read More »

Нови 170 заразени во Србија, починаа тројца


  Во последните 24 часа од корона вирус се заразиле 170 лица во Србија, а починаа тројца пациенти. Вкупниот број регистрирани случаи изнесува 30.548, од тестирани 862.729. Во послените 24 часа тестирани се 8.670 лица, од нив 170 позитивни. Вкупно од Ковид-19 во Србија починаа 695 луѓе, а процентот на сртност изнесува 2.28. Во болница …

Нови 170 заразени во Србија, починаа тројца Read More »

Нов рекорд во Хрватска: Надмина 300


  Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска ги објави новите информации за состојбата со корона вирусот, а таа не е ни малку добра. Имено, четврти ден по ред Хрватска поставува рекорди во однос на бројот на новозаболени, па така денеска изброја дури 306. Со ова, бројот на активни случаи се искачи на 2.052. Меѓу …

Нов рекорд во Хрватска: Надмина 300 Read More »

СЗО и УНИЦЕФ преку упатство препорачуваат маски за децата постари од 11 години


Децата, почнувајќи од 12 години, треба да носат маски за лице секаде каде што и возрасните ги носат, како една од мерките против Ковид-19, соопштија здравствените и детските агенции на ОН во водич за носителите на одлуки, јави ДПА. Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) генерално не препорачуваат маски за …

СЗО и УНИЦЕФ преку упатство препорачуваат маски за децата постари од 11 години Read More »