Расте бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија
Во соседна Албанија продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани поради корона вирусот, но и на они кои оздравеле од Ковид-19.
Во последните 24 часа во оваа земја регистрирани се 156 случаи со корона вирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 8.275, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.
Починаа пет пациенти, со што вкупниот број жрвти се зголеми на 245.
Денеска биле тестирани 837, а вкупно 55.272 луѓе. Активни се 3.846 случаи.