Нов рекорд во Хрватска: Надмина 300


 

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска ги објави новите информации за состојбата со корона вирусот, а таа не е ни малку добра.

Имено, четврти ден по ред Хрватска поставува рекорди во однос на бројот на новозаболени, па така денеска изброја дури 306.

Со ова, бројот на активни случаи се искачи на 2.052.

Меѓу нив се 143 пациенти на болничко лекување, а 12 на репсиратор.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се забележани 7.900 позитивни на корона вирус, а починаа 170, додека 5.678 оздравеа.

Во самоизлоација има 6.868 лица.

ДО денеска тестирани се 148.742 лица, а 2/574 во последните 24 часа.