Во Шкотска пронајдени сомнителни пакети


Шкотската полиција денеска соопшти дека пронашла сомнителни пакети на Универзитетот Глазгов и во седиштето на Кралската банка на Шкотска во Единбург. Двата објекти се евакуирани и за сега ништо не ги поврзува двата инциденти, јавија светските агенции. Се уште не е јасно дали пакетите се поврзани со вчерашниот инцидент во кој три мали експлозивни направи …

Во Шкотска пронајдени сомнителни пакети Read More »

(Видео) Се реконструира улицата „Антон Димитров“ во Драчево


Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата „Антон Димитров“, во Драчево, што ќе се обнови на вкупна должина од 1.450 метри. На терен ќе се вградат израмнувачки и завршен слој на коловозот со површина од околу 10.000 квадратни метри, како и тротоари од бекатон на површина од околу 6.500 квадрати. Увид во градежните …

(Видео) Се реконструира улицата „Антон Димитров“ во Драчево Read More »

Скопскиот аеродром четврти пат прогласен за еден од најдобрите во Европа


Скопскиот меѓународен аеродром е прогласен за еден од најдобрите во Европа. ASQ наградата за квалитет на аеродромски услуги во категоријата аеродроми со под два милиона патници за 2018 година на Скопскиот аеродром овој аеродром му ја додели Меѓународниот совет на аеродроми -ACI, повикувајќи се на искуствата на патниците. ACI ја доделува наградата од Програмата за …

Скопскиот аеродром четврти пат прогласен за еден од најдобрите во Европа Read More »

Заев: „Еуро никел“ успешен стечај – вработените земаат плата, се исплаќаат долговите


Во „Еуро никел“ беше завршена најуспешната стечајна постапка во историјата на државата, рече денеска премиерот Зоран Заев при посетата на комбинатот – Можеме слободно да констатираме дека се надминати сите кризи и затекнати проблеми и повеќе не постои ризик од банкрот со кој вистински се соочуваше компанијата. Вработените се задоволни и добиваат плата која ја …

Заев: „Еуро никел“ успешен стечај – вработените земаат плата, се исплаќаат долговите Read More »

Сугарески: Нема да се толерираат дивоградби на плажите на Охридското Езеро


Државата да ги преземе ингеренциите од општините Охрид, Струга и Дебрца врз крајбрежјето на Охридското Езеро, односно стопанисувањето со плажите, очекува министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, откако наредната недела треба почне собраниската процедура за измени на Законот за градежно земјиште со кои ќе се овозможи. – Очекувам наредната седмица во Парламентот да влезе …

Сугарески: Нема да се толерираат дивоградби на плажите на Охридското Езеро Read More »

Јанева: Ако Мијалков го пуштат, ќе се побара притвор за друг случај


Обвинителката Катица Јанева, вели дека за Сашо Мијалков ќе побараат притвор за друг предмет, ако се одлучи тој да биде пуштен по случајот „Империја“. За одлуката на Врховниот суд за случајот „Империја“ за пуштањето од куќен притвор на дел од осомничените, и дали е следен Сашо Мијалков, Јанева смета дека најважно е што СЈО има …

Јанева: Ако Мијалков го пуштат, ќе се побара притвор за друг случај Read More »

Сугарески: Наскоро почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце


Во држвава во тек е реконструкција на 15 патни делници на транзитни сообраќајници, зафати вредни 186 милиони денари обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Три делници од нив во вкупна должина од 18,2 километри отпаѓаат на Охрид и тоа во транзитниот дел на градот, со реконструкција на главниот булевар „Туристичка“. Министерот за …

Сугарески: Наскоро почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце Read More »

Фатен и обвинет „хрватскиот Ескобар“


Судот во Риека поднесе обвинение против Степан Прњат, таканаречениот „хрватски Ескобар“ и уште осум луѓе. Тие се товарат за злосторничко здружување и неовластено производство и промет со дроги. Во акцијата уапсени се шест хрватски, двајца холандски и еден шпански државјанин. Тие од јануари 2017 година до март 2018 година на подрачјето на Хрватска, Словенија и …

Фатен и обвинет „хрватскиот Ескобар“ Read More »

(Видео) Јанева најави нови крупни предмети


Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е задоволна што надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека наскоро би можело да се очекуваат и други покрупни предмети Јанева вели и дека Обвинителството што го раководи ќе продолжи да работи со истата динамика и во иднина, додавајќи дека следната недела ќе го претстави извештајот за работата …

(Видео) Јанева најави нови крупни предмети Read More »

За катастрофалниот пожар во Мати ќе одговараат 20 функционери


За пожарот, што се случи во јули минатата година во областа Мати, во Грција, во кој животот го загубија 100 лица, а беше причинета огромна материјална штета, грчкото обвинителство кривично гони 20 функционери меѓу кои префектот на периферијата Атика, градоначалниците на општините Маратонас и Рафина, поранешниот Генерален секретар за цивилна заштита, функционери во полицијата и …

За катастрофалниот пожар во Мати ќе одговараат 20 функционери Read More »

Ѓукановиќ: Белград и Приштина да го решат спорот како Скопје и Атина


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска рече дека по решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје, треба да се работи на решавање на преостанатите проблеми во регионот. „Ми се чини дека искуството во решавање на проблемот меѓу Македонија и Грција може да биде многу благотворно во решавање на другите проблеми од слична природа, а …

Ѓукановиќ: Белград и Приштина да го решат спорот како Скопје и Атина Read More »

Дескоска: Постапките на СЈО нема да почнат од одново


Вчера го пуштивме во собраниска процедура Законот за Јавно обвинителство, закон што треба да биде донесен со двотретинско мнозинство кое се уште го немаме потврдено, но битно е дека на ниво на владина коалиција успеавме  да постигнеме согласност за текст што дава целосна одржливост на СЈО, го претвора во траен орган, не нуди никаква скриена …

Дескоска: Постапките на СЈО нема да почнат од одново Read More »

Лукаревска: Преку даночните обврзници ќе почне намалување на сивата економија


Управата за јавни приходи во 2018 година спроведе 7.148 контроли за фискализација, од кои кај 826 беа утврдени неправилности и тоа во најголем дел од обврзниците во Скопје, а територијално застапено помалку или повеќе ги има во сите поголеми или помали населени места во земјава, изјави денеска на прес-конференција  директорката на УЈП Сања Лукаревска. Посочи дека во периодот …

Лукаревска: Преку даночните обврзници ќе почне намалување на сивата економија Read More »

За BBC Приштина е најгрда престолнина во Европа


Приштина изгледа е најгрда престолнина во Европа, оцени репортер на  BBC, кој во 2018 година се нашол во близина на булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“ во тој град во Косово. Наведува дека уредно платил соба без вода во хотелот, и одлучил следните два дена да ги искористи за обиколка на градот изграден во комунистички …

За BBC Приштина е најгрда престолнина во Европа Read More »

Филипче: Секој млад лекар ќе добие платена позиција


Младите лекари, кои имаат лиценца за работа, по автоматизам ќе добијат платена позиција во системот на примарната заштита, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на охридската болница. За проблемот во ресорот на здравство со недостиг на медицински кадар во земјата, министерот Венко Филипче потсети дека изминатата година Министерството вработило 3.200 лица, најмногу …

Филипче: Секој млад лекар ќе добие платена позиција Read More »

Филипче: Се бара локација за нова струшка болница


За време на денешната посета на охридската болница, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека во струшката болница нема услови за современи здравствени услуги и оти во моментов се разгледува моделот според кој би била изградена новата болница, која се планира да се гради на излез од градот кон граничниот премин Ќафасан. Постојната локација на …

Филипче: Се бара локација за нова струшка болница Read More »

Скопје и Белград сакаат удел во бугарската нуклеарка Белене


Бугарскиот заменик-премиер Томислав Дончев изјави за весникот „Труд“ дека Северна Македонија и Србија сакаат удел во идната нуклеарна централа „Белене“. Дончев, како што пренесува БТА, истакна дека „не постои шанса нуклеарната централа Белене да се гради без учество на рускиот „Росатом“. Нуклеарната централа Белене се планира да се гради во северниот дел на Бугарија, во …

Скопје и Белград сакаат удел во бугарската нуклеарка Белене Read More »

Коце Трајановски заработи кривична пријава


Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и уште три лица од градската администрација за злоупотреба на службена положба и овластувања при изборот на директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје по оглас од 2014 година. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје – …

Коце Трајановски заработи кривична пријава Read More »

Исчезна роднина на Оливер Ивановиќ, можно е да е убиен


Таксист од Северна Митровица, кој пред три дена исчезна и за кого постојат сомнежи дека е убиен, е роднина на Оливер Ивановиќ, кој беше советник во собранието на општина Северна Митровица и водач на иницијативата „Слобода, демократија, правда“, убиен пред повеќе од една година. Од партијата на Ивановиќ потврдуваат дека таксистот му е роднина на …

Исчезна роднина на Оливер Ивановиќ, можно е да е убиен Read More »

Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март


Денешното рочиште за случајот „Тревник“ на СЈО е одложено за 29 март поради отсуство од здравствени причини на првообвинетот Драган Павловиќ Латас. Неговата адвокатка Анита Бегова до судот достави лекарска потврда дека Латас е на боледување поради воспаление на средно уво. Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и …

Се разболе Латас, „Тревник“ одложен за 29 март Read More »