Кирацовски: Сестра ми и мајката на мојата сопруга дадоа откази


Генералниот секретар и шеф на изборен штаб на СДСМ, Александар Кирацовски, објави дека сите негови роднини кои биле на некаков начин предмет на Анткорупциска, ќе си дадат отказ на своите работни места.
„Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука. Презедовме одговорност, пред граѓаните, да ги менуваме работите, да го менуваме системот. Нашата обврска ја исполнуваме само со конкретни чекори. Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангаГенералниот секретар и шеф на изборен штаб на СДСМ, Александар Кирацовски, објави дека сите негови роднини кои биле на некаков начин предмет на Анткорупциска, ќе си дадат отказ на своите работни места’, напиша Кирацовски на Фејсбук.

„Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања“, додава Кирацовски.