Прв детски ЗОО маратон

Првиот детски ЗОО Маратон ќе се одржи во ботаничката градина во Зоолошка градина Скопје, а од таму се надеваат дека ќе прерасне во традиција.

По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во Скопје ЗОО за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.

Во ботаничката градина ќе се одржат четири трки – две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри (машка и женска категорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедни подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријавувањето ќе започне од четврток, 25 април. Податоците за учесникот – име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: zoolskaskopje@gmail.com до 5 мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

Маратонот ќе се одржи на 9 мај четврток, во 13 часот