Грција купува дронови од САД

Грција се договорила со САД да купи три беспилотни летала „Ем-Кју-9 Рипер“ со две копнени сервисни станици, за 50 милиони евра, објави грчката телевизија Антена.

Според информациите на телевизијата, како што јави дописничката на МИА од Атина, договорот меѓу двете земји вклучува и стационирање на два авиони-танкери во базата во грчкиот град Лариса, а по летниот период ќе пристигне и новата генерација американски дронови „Глобал Хок“.