Раководителот го организирал грабежот во казиното во Дебар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од општа надлежност-Дебар, во соработка со единицата за имотен и насилен криминалитет при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против З.Ф.(49) од дебарското село Коњаре и Н.Т.(45) од Дебар.

-На двете лица одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавените, казненото дело го сториле на 15 април оваа година околу 05 часот во казино „Стар“, лоцирано на улицата „8 септември“, во Дебар, кога, Н.Т. кој бил вработен и управител на казиното, со својот автомобил го донел З.Ф. пред објектот, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работ Охрид.
Според истрагата, З.Ф. влегол во казиното и со закана со пиштол одзел 500.000 денар.