Жена сакала да скокне од мост во Вардар, полицијата ја спречи


Утрово, жена се обиде да скокне во водите на Вардар во близина на Хром, но полицијата ја спречи во намерата.

-Во 10 часот на железничкиот мост во населба Нерези од страна на полициски службеници е спречена 56 годишна жена во обид да скокне од мостот, велат од МВР.

Повикана е и итна медицинска помош, а жената е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.