Оружен напад на матурска прослава во Филаделфија


Најмалку едно лице загина, а седуммина се повредени при оружен напад на матурска прослава во Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, објави телевизијата Ен Би Си. Инцидентот се случил за време на свеченост, на која присуствувале околу 60 лица. Меѓу повредените има и четворица тинејџери. Полицијата веднаш започна потрага по осомничениот за нападот.

Капело го спореди Сари со универзитетски професор


Прославениот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело, верува дека навивачите на Јувентус ќе ги заборават разликите со Маурицио Сари ако тимот покажува добри резултати под негово водство. Тој Сари го спореди со професор. – И јас исто така имав на почетокот негативно искуство во Јувентус. Ова не се случи затоа што претходно ги тренирав Ромите и …

Капело го спореди Сари со универзитетски професор Read More »

Ниш: Падна гумена играчница и „затрупа“ деца


Група деца вчера биле кратко затрупани под голема гумена играчница во паркот „Чаир“ во Ниш, откако откажала пумпата за надувување со воздух. Мајка на едно четиригодишно момче изјави дека децата имале голема среќа што никој не е повреден во инцидентот, но сите биле сериозно преплашени. – Играчницата на надувување во еден момент се урна преку …

Ниш: Падна гумена играчница и „затрупа“ деца Read More »

Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу. Одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, комесарот Хан посочи дека земјите членки сѐ уште преговараат на оваа тема. -Можам само да повторам …

Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок Read More »

Силен земјотрес во Индонезија


Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтер го погоди источниот дел на Индонезија, соопшти Европската агенција за набљудување. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на 133 километри северозападно од градот Купанг на островот Тимор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Граѓаните опиени од опиумот скриен на таваните


Стотици килограми сиров опиум, кај народот познат како катран, се претпоставува дека лежат скриени  низ државата. Пред шеесетина години, кога беше забрането производството на катран со образложение дека од него се прави дрога, многу газди што имале резерви од најквалитетниот сиров опиум во светот, го скриле „за не дај Боже“. Многумина завршиле во затвор поради …

Граѓаните опиени од опиумот скриен на таваните Read More »

Јадранско море полно со отпад


Застапеноста на пластичниот отпад на дното на Јадранското  море е речиси најголема во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското море. Отпадот на Јадранот доаѓа од околу четири милиони луѓе кои живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шест пати во текот на туристичката сезона, наведува меѓународен тим експерти во студија објавена …

Јадранско море полно со отпад Read More »

Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија


Федерика Могерини утрово од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија. -Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и …

Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија Read More »

Леонардо, нов спортски директор на ПСЖ


Поранешниот спортски директор на Милан, бразилецот Леонардо, повторно ќе ја извршува истата функција но овој пат во ПСЖ. Веста ја потврди самиот француски шампион кој овој пат наместо фудбалери како засилување за следната сезона го најави новиот спортски директор Леонардо, кој ќе го замени Антеро Енрике кој денеска ја напушти таа функција. Бразилецот се води …

Леонардо, нов спортски директор на ПСЖ Read More »

Дождот во Охрид повторно ги исфрли на површина старите проблеми


Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд попладнево го зафати Охрид. Десетина минути, колку што врнеше дождот, ги исфрли на површина проблемите со одводот и канализациската мрежа во Стариот дел на градот. При секој посилен дожд канализациската мрежа не може да ја прифати атосферската вода, која избива од шахтите и на површина ги исфрла фекалиите, …

Дождот во Охрид повторно ги исфрли на површина старите проблеми Read More »

На свадбата на Рамос ќе свират AC/DC


Фудбалерот и капитен на Реал Мадрид Серхио Рамос по долгогодишна врска со Пилар Рубио, стапува во брак, а во Шпанија ова го нарекоа „свадба на векот“. Ова е најактуелната тема во шпанските медиуми кои од ден на ден изнесуваат се повеќе детали во врска со венчавката на Рамос. Откриваат дека за присутните гости ќе свири …

На свадбата на Рамос ќе свират AC/DC Read More »

Љубовните писма на Леонард Коен продадени за 876.000 долари


Колекцијата љубовни писма кои Леонард Коен ги пишувал на Мериан Илен продадени се на аукција за 876.000 долари, јавува „Би-би-си“. Многу предмети од архивата продадени се по цена повисока за пет пати од очекуваната, наведува компанијата „Кристис“. Писмото за кое се очекувало да биде продадено за 10 илјади долари, достигнало цена од 56.250 долари. Главното …

Љубовните писма на Леонард Коен продадени за 876.000 долари Read More »

Заев: Средбата со Меркел како што личи на земји – стратешки партнери


Премиерот Зоран Заев, по вчерашната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, денеска со осврт на средбата на Фејсбук. „Вчерашната пријателска средба со канцеларката Меркел беше средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Северна Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе …

Заев: Средбата со Меркел како што личи на земји – стратешки партнери Read More »

Косово ќе гради нов национален стадион


Во Приштина денеска, од страна на косовскиот министер за спорт Кујтим Гаши, е претставена студијата на новиот национален стадион кој ќе биде изграден во околината на главниот град и ќе прими 30 илјади гледачи. Според Гаши, изградбата на стадионот ќе почне за неколку месеци, а во негови рамки ќе има и базени, хотели, паркови и …

Косово ќе гради нов национален стадион Read More »

Меган Маркл и принцот Хари ќе ја посетат Африка, за Арчи не се знае


Меган Маркeл и принцот Хари ќе ја посетат Африка. Војвотката и војводата од Сасекс, кои станаа родители на Арчи Харисон Маунтбартон-Виндзор во мај оваа година, ќе отпатуваат на континентот за да дознаат за проблемите таму. Тие ќе обрнат внимание на она за што мајката на принцот Хари, Дајана, се бореше најмногу. Каузите вклучуваат борба со …

Меган Маркл и принцот Хари ќе ја посетат Африка, за Арчи не се знае Read More »

Хашим Тачи: Добра координација меѓу САД и ЕУ е клуч за договор со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи во Тирана изјави дека клучот за постигнување договор со реципрочно признавање меѓу Приштина и Белград го гледа во добра координација меѓу САД и ЕУ. Тој, исто така, ја поздрави француско-германската иницијатива за изноѓање решение за косовско-српскиот проблем. – Дијалогот треба да се одвива безусловно, треба да се одвива на рамноправна основа …

Хашим Тачи: Добра координација меѓу САД и ЕУ е клуч за договор со Србија Read More »

Молдавија: Најавена оставка на Владата


Демократската партија на Молдавија на премиерот Павел Филип соопшти денеска дека се повлекува од власт и ја распушта Владата, со цел да се реши политичката криза во земјата. – Оставката на владата на Павел Филип е единствено можно и легитимно решение да се спречи политичката криза, изјави заменик лидерот на партијата Владимир Чеботари во телевизиско …

Молдавија: Најавена оставка на Владата Read More »

(Видео) Омилениот актер на публиката, Кијану Ривс, стана омилен и на интернет, а тој не знае


  Еден од најпознатите и омилени актери на Холивуд, Кијану Ривс, стана омилена ѕвезда и на интернет. По пишувањата на медиумите за неговата скртомност и едноставност, актерот Кијану Ривс стана неверојатно популарен и на социјалните мрежи и интернетот. На премиерата на филмот „Приказна за играчките 4“ во кој Ривс го позајмува гласот на анимираниот јунак …

(Видео) Омилениот актер на публиката, Кијану Ривс, стана омилен и на интернет, а тој не знае Read More »

Богоевски: Сега немам пратенички имунитет, институциите нека си ја завршат работата


  Доскорешниот пратеник Павле Богоевски, кој си даде оставка од функцијата, по аферата со наводно нелегално нарачување масло од канабис, за болен член од семејството, во емисијата „Само вистина“ вели дека сега нема пратенички имунитет и дека очекува институциите да го истражат случајот. „Јас сум човек без имунитет, без пратеничка функција, ги повикувам органите на …

Богоевски: Сега немам пратенички имунитет, институциите нека си ја завршат работата Read More »

Американските бизнисмени го повикаа Трамп на одговорност за трговската војна


Претставници на 661 американски компании и трговски асоцијации синоќа се обратија писмено до претседателот Доналд Трамп во кое повикуваат итна разрешница на трговската војна со Кина. Американскиот бизнис смета дека оваа војна е штетна не само за компаниите туку и за потрошувачите во САД. Во рамки на општествено-деловната кампања Tariffs Hurt the Heartland (Царините удираат …

Американските бизнисмени го повикаа Трамп на одговорност за трговската војна Read More »