Капело го спореди Сари со универзитетски професор


Прославениот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело, верува дека навивачите на Јувентус ќе ги заборават разликите со Маурицио Сари ако тимот покажува добри резултати под негово водство. Тој Сари го спореди со професор.

– И јас исто така имав на почетокот негативно искуство во Јувентус. Ова не се случи затоа што претходно ги тренирав Ромите и Милан, туку затоа што еднаш ветив дека нема да дојдам во Јувентус. Имаше многу болни зборови, транспаренти и други работи … Знам дека Конте беше критикуван поради одење во Интер. Но тоа е така. Тренерите се професионалци, фудбалот е бизнис. Идниот Сари во Јувентус? Добрите стручњаци знаат како да освојат играчи. Премиер лигата е врвот на фудбалот. Сари отиде во Англија како наставник и се враќа во Италија како универзитетски професор – изјави Капело за „Газета дело спорт“.

Шеесет годишниот Сари кој беше тренер на Наполи од 2015 до 2018 година од вчера е поставен з анов тренер на Јувентус.