Богоевски: Сега немам пратенички имунитет, институциите нека си ја завршат работата

Фото: Б.Грданоски

 

Доскорешниот пратеник Павле Богоевски, кој си даде оставка од функцијата, по аферата со наводно нелегално нарачување масло од канабис, за болен член од семејството, во емисијата „Само вистина“ вели дека сега нема пратенички имунитет и дека очекува институциите да го истражат случајот.

„Јас сум човек без имунитет, без пратеничка функција, ги повикувам органите на прогонот да си ја завршат работата“, рече Богоевски.

Тој смета дека за овие две години на пратеничката функција против него се водел прогон, а тоа го доживува како напад на „Шарената револуција“.