Заев: Средбата со Меркел како што личи на земји – стратешки партнери

Премиерот Зоран Заев, по вчерашната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, денеска со осврт на средбата на Фејсбук.

„Вчерашната пријателска средба со канцеларката Меркел беше средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Северна Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло.

Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата“, пишува премиерот на Фејсбук.

Северна Македонија го испорача очекуваното, следува позитивна согласност на Бундестагот во септември за почеток на преговори

Вчерашната пријателска средба со канцеларката Меркел беше средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Северна Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло.Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата.

Posted by Zoran Zaev on Петок, 14 јуни 2019