На свадбата на Рамос ќе свират AC/DC


Фудбалерот и капитен на Реал Мадрид Серхио Рамос по долгогодишна врска со Пилар Рубио, стапува во брак, а во Шпанија ова го нарекоа „свадба на векот“.

Ова е најактуелната тема во шпанските медиуми кои од ден на ден изнесуваат се повеќе детали во врска со венчавката на Рамос.

Откриваат дека за присутните гости ќе свири еден од најголемите рок-бендови на сите времиња AC/DC, а за нивниот настап ќе бидат платени близу милион евра.

Венчавката на Серхио Рамос ќе биде место на кое ќе се појават бројни познати личности како Зинедин Зидан, Жерар Пике и Шакира, Дејвид и Викторија Бекам и многу други.

Самиот обред ќе се одржи во катедрала во Севилја, трет најголем сакрален објект во светот и место под заштита на УНЕСКО, за што Рамос ќе издвои 175.000 евра.