Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар


  Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер регистриран е рано утрово во Средоземното Море кај западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт. Потресот се случил на длабочина од 19,6 км, 48 км од градот Полис, пренесе Франс прес. Според прелиминарната оценка, веројатноста овој потрес да предизвикал штети или жртви е мала. ЕМСЦ …

Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар Read More »

Почна пријавувањето за десеттото издание на „Прв до врв“


Започна пријавувањето за 10-то издание на „Прв до врв“ Водно 2022, кое оваа година ќе се одржи на 15 мај. Како што соопштија организаторите, традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании. Пријавувањето за трките се одвива преку …

Почна пријавувањето за десеттото издание на „Прв до врв“ Read More »

Шефот на данската разузнавачка служба е во притвор поради протекување информации


Шефот на данската контраразузнавачка служба Ларс Финдсен е задржан во притвор поради неговата вмешаност во случај со протекување на „многу доверливи“ информации, јави државната телевизија ДР. Четворица сегашни и поранешни вработени во две дански разузнавачки служби беа уапсени во декември поради објавување на многу доверливи информации. Финдсен е единствениот кој останува во притвор додека трае …

Шефот на данската разузнавачка служба е во притвор поради протекување информации Read More »

Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија


Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на корона вирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. …

Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија Read More »

Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија


Не би сакал никогаш да се разделиме бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес, и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес, и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад, истакна претседателот на Албанија, Илир Мета. Во вечерашното гостување на ТВ 21, тој …

Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија Read More »

Тешка сообраќајка во скопско Ченто, едно лице го загуби животот


Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто. Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф“ со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) …

Тешка сообраќајка во скопско Ченто, едно лице го загуби животот Read More »

Повторно горат бараките на Судот за прекршоци во Градскиот парк


Повторено горат бараките каде порано се наоѓаше судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Пожарот избил вечерва, а според информации од Бригадата за противпожарна заштита, во моментов неколку екипи се на терен и го гаснат пожарот. Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и …

Повторно горат бараките на Судот за прекршоци во Градскиот парк Read More »

Арсовска: РЕК не даде лиценца на Градскиот енергетски систем, па три компании ги носат одлуките за парното


Градскиот енергетски систем не доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, па  три компании во овој момент кои што самостојно, автономно ги носат своите деловни одлуки и тие се оние кои одлучуваат за испораката на топлинска енергија до граѓаните на Скопје, рече градоначалничката Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Телма, по жалбите од граѓаните дека …

Арсовска: РЕК не даде лиценца на Градскиот енергетски систем, па три компании ги носат одлуките за парното Read More »

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ синдром. Таа сними видеопорака во која му ја честита Новата година на играчот и го замолува да остане во ПСЖ. Објавата на Твитер доби многу навредливи пораки …

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ Read More »

Утре нема да може да си платите билет за ЈСП со мобилен


Од ЈСП Скопје, информираа дека  утре, вторник (11.01.2022 год) од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185). Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата. Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон …

Утре нема да може да си платите билет за ЈСП со мобилен Read More »

Се чистат од снег булеварите низ Скопје


Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението. Тие додаваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите …

Се чистат од снег булеварите низ Скопје Read More »

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило


Поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар. На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради …

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило Read More »

Во Германија повеќе од 25.000 новозаразени


Германија регистрираше 25.255 нови случаи на инфекција со корона вирусот во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох. Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 7.535.691. Во последните 24 часа германските здравствени власти регистрираа и 52 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на починати од Ковид е 114.029.

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата


Росоманец на возраст од 31 година денеска пријавил во полицијата во Кавадарци дека бил физички нападнат од сопругата. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 16 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија.   Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена …

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата Read More »

ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи


Од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвјата со цел да се избегнат несакани последици од нивно паѓање, поради снежните врнежи кои го зафатија градот. -Доколку забележите паднато дрво Ве молиме да се обратите до Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195 или …

ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи Read More »

Шпанија се спрема Ковид-19 да го следи како грип


  Шпанската влада работи на прописи со кои би се ограничила малопродажната цена на антигенски тестови на Ковид-19, изјави денеска премиерот Педро Санчез, откако во декември многу аптеки останаа без клучниот алат во борбата против заразата. поради зголемените цени на антигенски тестови во Шпанија на врвот на овој бран од заразата со омикрон и немањето …

Шпанија се спрема Ковид-19 да го следи како грип Read More »

Новозаразени се 813 лица, починаа вкупно 10 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, …

Новозаразени се 813 лица, починаа вкупно 10 пациенти Read More »

Општина Карпош даде рок од 15 дена да се урне џамијата во Злокуќани


  Џамијата што се гради во скопско Злокуќани е дивоградба, а инспекторите од Општина Карпош, дадоа рок од 15 дена таа да се урне. Од општината соопштија дека во саботата на 8 јануари инспекциската служба на Општина Карпош излезегла на терен во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани. – Инспекциската служба на …

Општина Карпош даде рок од 15 дена да се урне џамијата во Злокуќани Read More »

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн


Движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава. – Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри …

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн Read More »