Со интервенција на норвешката Влада прекинат штрајкот на вработените во нафтениот и гасниот сектор


Норвешката Влада синоќа интервенираше и го прекина штрајкот во енергетскиот сектор, изјавија првиот човек на синдикатот и министерката за труд, сигнализирајќи дека е отстранета опасноста од влошување на кризата во снабдувањето на Европа со гас. Работниците на нафтените платформи во Норвешка ноќта од понеделникот на вторник стапија во штрајк ноќ со барања за повисоки плати …

Со интервенција на норвешката Влада прекинат штрајкот на вработените во нафтениот и гасниот сектор Read More »

Тупанчески: Ниту еден од предметите кои ги работеле судиите што веќе се во пензија нема да остане нераспределен


Состојбата со недостаток на судии може да се надмине со внатрешна реорганизација на судството. Тоа нема да биде едноставно, но јас сум оптимист дека ниту еден од предметите кои ги работеле судиите што веќе се во пензија нема да остане нераспределен, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески. Бројот на судиите во нашето општество, Тупанчевски …

Тупанчески: Ниту еден од предметите кои ги работеле судиите што веќе се во пензија нема да остане нераспределен Read More »

Сарацин: Овој прозорец може да се затвори утре


Вратата кон ЕУ сега е  широко отворена и треба да се влезе за да го продолжиме патот заедно, порача Мануел Сарацин, спрецијалниот претставник на Германија за Западен Балкан, кој е во посета на Македонија. „Oвој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија и во интерес на ЕУ. …

Сарацин: Овој прозорец може да се затвори утре Read More »

ССМ одлучува за следните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на барањето зголемување на платите


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи Претседателство на кое ќе донесе одлука за натамошните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на нивното барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Синдикатот бараше со ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени средства за исплата на линеарното зголемување на платите согласно минималната плата и …

ССМ одлучува за следните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на барањето зголемување на платите Read More »

Невреме во Ѓорче Петров, надлежните цела ноќ на терен


По невремето кое ја зафати Општина Ѓорче Петров вчервавечер веднаш на терен излегоа екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров во координација со Пожарна Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје и делуваа на критичните места, информираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски.  Веднаш беа превземени мерки за санација на сливниците за атмосферска …

Невреме во Ѓорче Петров, надлежните цела ноќ на терен Read More »

Курбан Бајрам – 9 јули, неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед


Првиот ден на Курбан Бајрам,  9 јули, (сабота) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.   Од Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честитаат празникот Курбан Бајрам.

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода


Утрово во 5.10 часот, во Радовиш, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 3 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица. Вчера, околу 19.30 часот, по …

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода Read More »

Првите украински војници стигнаа во Британија


Првата ротација на украинската војска стигна во Велика Британија на договорена обука, рече денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас. Се работи за обука која е дел од новата програма чија цел е да се обучат 10.000 украински војници во рамки на британскиот пакет на воена помош за Украина вреден 2,3 милијарди фунти, кој премиерот …

Првите украински војници стигнаа во Британија Read More »

Приоритетите на чешкото претседателство се рефлектираат во неговото мото „Европа како задача“


Чешкиот премиер Петр Фила пред европратениците во Стразбур ги претстави приоритетите на неговата земја како претседател на Советот на ЕУ, при што тој потсети на постојаната потреба да се работи за модерна и оперативна Европа, со волјата за зајакнување на заедничката слобода, одговорност, безбедност и просперитет, јави дописникот на МИА. Во овој период на претседавање …

Приоритетите на чешкото претседателство се рефлектираат во неговото мото „Европа како задача“ Read More »

(Видео) Сарацин по средбата со Маричиќ за францускиот предлог


Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), планирано е Сарацин да се сретне …

(Видео) Сарацин по средбата со Маричиќ за францускиот предлог Read More »

Џафери објави снимки од последиците од синоќешното дивеење пред Собранието


По синоќешните протести против францускиот предлог кога група луѓе насилно се однесуваа пред институциите, и зградата на Собранието има штети, а снимки од резултатот објави спикерот Талат Џафери.   – Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто …

Џафери објави снимки од последиците од синоќешното дивеење пред Собранието Read More »

Во ЦЕРН откриени три нови егзотични субатомски честички


  Научниците во Големиот хадронски судирач (LHC) пронајдоа три досега непознати субатомски честички, објави Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН. LHC е 27 км долг кружен тунел во кој се забрзуваат и судираат субатомските честички за да се испитаат нивните својства и да се откријат нови. Во LHC е пронајден и Хигсовиот бозон, кој се …

Во ЦЕРН откриени три нови егзотични субатомски честички Read More »

Стопанската комора со концепт за комора на иднината


Стопанската комора на Северна Македонија по повод стогодишниот јубилеј издаде монографија во која посебен фокус е ставен на личностите значајни за бизнисот во државава, како и компаниите што се дел од оваа бизнис асоцијација. Во Монографијата се објавени и информации за имплементацијата на проектот „Комора на иднината“. Во соопштението од комората се посочува дека во …

Стопанската комора со концепт за комора на иднината Read More »

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, насилството не може да се оправда со ништо


Премиерот Димитар Ковачевски ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право, насилството не може да се оправда со ништо. -Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да …

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, насилството не може да се оправда со ништо Read More »

Спасовски: Нападот на полицајците и институциите не е демократија, туку анархија (Видео)


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР и БЈБ утрово ги посетија хоспитализираните полициски службеници повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието против францускиот предлог. МВР соопшти дека во синоќешниот протест се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници …

Спасовски: Нападот на полицајците и институциите не е демократија, туку анархија (Видео) Read More »

Гувернерот Кириленко повика 350.000 цивили од Доњецк да се евакуираат


Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко повика 350.000 цивили да се евакуираат од источниот украински регион поради претстојните руски офанзиви. Повикот следува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион, Луганск. Се верува дека токму Доњецк е следната цел на Русите. Извлекувањето на 350.000 цивили е „нужно за да се спасат животи“, …

Гувернерот Кириленко повика 350.000 цивили од Доњецк да се евакуираат Read More »

Борел: Русија е зависна од западните технологии, санкциите имаат влијание


Зависноста на Русија од европската и американската технологија е шест пати поголема од онаа од Кина, поради што алтернативните кинески производи не можат да ги задоволат потребите на руската економија под санкциите, изјави првиот европски дипломат, Жозеп Борел, во интервју објавено денеска во весникот „Јомиури“. „Некои можеби се прашуваат дали овие санкции навистина влијаат врз …

Борел: Русија е зависна од западните технологии, санкциите имаат влијание Read More »

Во тепачка во Струмица убиено 22-годишно момче и тројца повредени


 Момче на 22-годишна возраст вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства што се случи во Турското маало на улицата „Бетовенова“, а еден шеснаесетгодишен малолетник е повреден, како и две жени. Веста ја потврди директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека …

Во тепачка во Струмица убиено 22-годишно момче и тројца повредени Read More »

Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ


Специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин утре ќе престојува во официјална посета на земјава и ќе оствари средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), по средбата на која во фокусот ќе бидат францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, …

Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ Read More »

Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки


 Риши Сунак поднесе оставка од функцијата министер за финансии на Велика Британија, објави тој на Твитер. Оставка поднесе и  Саџид Џавид од функцијата британски министер за здравство во писмо до премиерот Борис Џонсон.  Џавид рече дека изгубил доверба во способноста на Владата на Борис Џонсон за владеење во национален интерес по „низата скандали“, велејќи дека …

Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки Read More »