Невреме во Ѓорче Петров, надлежните цела ноќ на терен


По невремето кое ја зафати Општина Ѓорче Петров вчервавечер веднаш на терен излегоа екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров во координација со Пожарна Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје и делуваа на критичните места, информираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

Веднаш беа превземени мерки за санација на сливниците за атмосферска канализација, а пожарната единица делуваше со пет тима на терен.  

Општината располага со две пумпи и истите се активирани за поддршка на активностите.

 Како што информираа надлежните активностите продолжија во текот на ноќта со цел брза санација на последиците.