Првите украински војници стигнаа во Британија


Фото: Б. Грданоски

Првата ротација на украинската војска стигна во Велика Британија на договорена обука, рече денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас.

Се работи за обука која е дел од новата програма чија цел е да се обучат 10.000 украински војници во рамки на британскиот пакет на воена помош за Украина вреден 2,3 милијарди фунти, кој премиерот Борис Џонсон го најави при посетата на Киев, каде се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Каква обука ќе поминат?

„Првата ротација украински војници неодамна стигна во Обединетото Кралство. Обуката ќе се одржи на полигони ширум североистокот, југозападот и југоисток. Обуката ќе ја спроведат делови од бригадите за безбедноста помош“, вели Волас.

„Украинските војници ќе поминат обука базирана на основна обука на британските војници. Таа вклучува обука за ракување со оружје, прва помош и патролни тактики. Секој курс ќе трае по неколку седмици“, додаде министерот за одбрана на Британија.