Курбан Бајрам – 9 јули, неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед


Фото: Б. Грданоски
Првиот ден на Курбан Бајрам,  9 јули, (сабота) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
 
Од Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честитаат празникот Курбан Бајрам.