Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки
Риши Сунак поднесе оставка од функцијата министер за финансии на Велика Британија, објави тој на Твитер.
Оставка поднесе и Саџид Џавид од функцијата британски министер за здравство во писмо до премиерот Борис Џонсон.
Џавид рече дека изгубил доверба во способноста на Владата на Борис Џонсон за владеење во национален интерес по „низата скандали“, велејќи дека повеќе не може да продолжи на функцијата со мирна совест. Додаде дека и многу пратеници изгубиле доверба во владата и во нејзиното владеење во национален интерес.
„Но, со жалење мора да кажам дека ми е јасно оти оваа ситуација нема да се промени под ваше водство – и затоа ја изгубивте мојата доверба“, пишува Џавид во писмото до Џонсон.