Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер …

Сончево и топло со мала до умерена облачност Read More »

НАСА снимила бизарен заплеткан објект на Марс и не понуди објаснување што е тоа


Нова бизарна снимка пристигнува од Црвената планета. Камерата на роверот Perseverance на НАСА сними предмет на земја кој изгледа како заплеткана врвка или шпагети. Фотографијата е направена од една од предните камери за избегнување опасности на роверот, која го следи пејзажот за да го заштити роверот додека вози или ја користи својата роботска рака. Сепак, …

НАСА снимила бизарен заплеткан објект на Марс и не понуди објаснување што е тоа Read More »

На 22.000 светлосни години од Земјата, снимен е објект кој има неверојатна магнетна сила


Далеку во Млечниот Пат, на околу 22.000 светлосни години од Земјата, далеку во нашата галаксија, една ѕвезда беснее со магнетна сила која надминува сè што научниците некогаш виделе. Со огромни 1,6 милијарди Тесла, пулсарот наречен Swift J0243.6+6124 ги урива претходните рекорди од околу 1 милијарда Тесла, откриени околу пулсарите GRO J1008-57 и 1A 0535+262. Ставено …

На 22.000 светлосни години од Земјата, снимен е објект кој има неверојатна магнетна сила Read More »

Странци на Хвар се повредиле пиејќи огнени коктели


Канаѓанец (44) и Швеѓанка (33) се повредени во кафуле на Хвар додека пиеле огнени коктели, пренесуваат хрватските медиуми. Според информациите од полицијата во Сплит, инцидентот се случил вчера околу 18 часот кога полицијата добила информација дека маж бил повреден додека пиел огнени коктели во ресторан во месноста Хвар, а полесно е повредена и една жена. …

Странци на Хвар се повредиле пиејќи огнени коктели Read More »

„Мета“ развива вештачка интелигенција за борба против лажните вести


Една од најболните точки на Фејсбук, но и на останатите социјални мрежи, е неконтролираното ширење дезинформации и лажни вести. Колку и да има адаптирани алгоритами и следење на тоа што луѓето го пријавуваат како лажни вести, сепак постои голем дел кои остануваат без ревизија. Токму затоа во Мета одлучија да развијат нова алатка основана на …

„Мета“ развива вештачка интелигенција за борба против лажните вести Read More »

Запленетa дрога во Кочани, вредна близу половина милион евра


 Полицијата денеска заплени над 200 килограми марихуана во голема полициска акција во Кочани. Полициска акција се уште е во тек, а детали од МВР најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата. Според првичните проценки, вредноста на дрогата е близу половина милион евра.

Скопјанка на возраст од 28 години пронајдена мртва во својот дом


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Блаже Биринчето“ во Скопје била пронајдена почината М.М.(28) од Скопје, која боледувала од хронична болест. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, …

Скопјанка на возраст од 28 години пронајдена мртва во својот дом Read More »

Скопјанка злоупотребувала лични податоци


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Таа, во својство на судски извршител, на 09/10.04.2022 во дневен весник објавила лични податоци на машко лице од Кичево без негова согласност. Објавата се однесувала за предмет кој немал извршен наслов, со …

Скопјанка злоупотребувала лични податоци Read More »

Фон дер Лајен ја коригираше својата портпаролка: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик


Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Заедно со пораката, Фон дер Лајен го ретвитна и делот од своето вчерашно обраќање во Скопје, каде пред пратениците во Собранието порача „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, …

Фон дер Лајен ја коригираше својата портпаролка: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик Read More »

Лукаку: Направив грешка со трансферот во Челзи


Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, изјави денеска оти згрешил кога минатото лето го напушти клубот од Милано и прејде во премиерлигашот Челзи. Лондонскиот клуб пред една година плати 113 милиони евра за белгискиот голгетер, кој ова лето се врати во Интер како позајмен фудбалер. – Оваа сезона ќе биде мојот најголем предизвик во кариерата. Лани заминав, тоа беше грешка, зарем не Нико?, рече …

Лукаку: Направив грешка со трансферот во Челзи Read More »

Едниот пиштол со кој се пукаше на „Скендербег“ не бил огнено оружје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани …

Едниот пиштол со кој се пукаше на „Скендербег“ не бил огнено оружје Read More »

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари


Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам …

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари Read More »

Нема нови Ковид-мерки, за 79,9 отсто зголемен бројот на нови случаи


Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со Ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и …

Нема нови Ковид-мерки, за 79,9 отсто зголемен бројот на нови случаи Read More »

Нови 504 случаи со Ковид-19, пријавени две починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на Ковид-19: Скопје – 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, …

Нови 504 случаи со Ковид-19, пријавени две починати лица Read More »

Разрешениот директор на ЗОО Скопје смета дека не е „убиец“ на животни, ќе докажува дека е невин


Кристијан Стаменов, директорот на ЗОО Скопје, кој вчера по скандалот со закланите коњи беше разрешен од функција, денеска на прес-конференција рече дека не е убиец и ќе ја докаже својата невиност пред институциите. -Постапката е одраз на правилно спроведување на заштитата на животните. Запазени се сите законски процедури – изјави тој, додавајќи дека и во …

Разрешениот директор на ЗОО Скопје смета дека не е „убиец“ на животни, ќе докажува дека е невин Read More »

Менаџерката на Скопје без осет за менаџери


  Осум месеци по стапувањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, мака мачи да го одржи предизборното ветување дека директори на јавни претпријатија во главниот град ќе се бираат на конкурс и спорeд соодветни квалификации, а не по партиски образец. Скандал до скандал се нижат за директорите на јавните претпријатија во Скопје, па …

Менаџерката на Скопје без осет за менаџери Read More »

Падна „крофна-мафијата“ во Грција: За нив евро, за продавачите 50 центи


Грчката полиција успеала да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна-мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики, пренесе Макфакс. Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата, 39-годишен Грк, јавуваат грчките медиуми. Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, …

Падна „крофна-мафијата“ во Грција: За нив евро, за продавачите 50 центи Read More »

Велешанец, до смрт, претепал сограѓанин во казино


По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и Основното јавно обвинителство Велес, на 14.07.2022 во 22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ш.(43) од Велес. Тој се сомничи дека на 09.07.2022 во казино во Велес го нападнал и …

Велешанец, до смрт, претепал сограѓанин во казино Read More »

Топлотниот бран лошо влијае врз квалитетот на воздухот во Европа


Топлотниот бран во Европа предизвикува влошување на квалитетот на воздухот, особено во градовите, изјави денеска на прес-конференција во Женева претставникот на Светската метеоролошка организација (СМО), Лоренцо Лабрадор. – Воздухот што не се движи не дозволува да се распрснуваат атмосферските загадувачи, вклучително и штетните честички, рече Лабрадор. Тој посочи дека атмосферските загадувачи го намалуваат квалитетот на воздухот и се штетни за здравјето на луѓето.

Бензините поевтини за три денари, дизелот со иста цена


 Цената на бензините од полноќ се намалува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Според тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 102,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 104,5 денари за литар. Цената на …

Бензините поевтини за три денари, дизелот со иста цена Read More »