Лукаку: Направив грешка со трансферот во Челзи


Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, изјави денеска оти згрешил кога минатото лето го напушти клубот од Милано и прејде во премиерлигашот Челзи.

Лондонскиот клуб пред една година плати 113 милиони евра за белгискиот голгетер, кој ова лето се врати во Интер како позајмен фудбалер.

– Оваа сезона ќе биде мојот најголем предизвик во кариерата. Лани заминав, тоа беше грешка, зарем не Нико?, рече Лукаку обраќајќи му се на соиграчот Николо Барела на презентацијата на новиот дрес на Интер.

Белгискиот репрезентативец додаде дека сега е среќен што повторно е на „Џузепе Меаца“ и оти додека настапувал во Англија сфатил колку голем клуб е Интер.