„Мета“ развива вештачка интелигенција за борба против лажните вести


Една од најболните точки на Фејсбук, но и на останатите социјални мрежи, е неконтролираното ширење дезинформации и лажни вести. Колку и да има адаптирани алгоритами и следење на тоа што луѓето го пријавуваат како лажни вести, сепак постои голем дел кои остануваат без ревизија.

Токму затоа во Мета одлучија да развијат нова алатка основана на вештачка интелигенција, наречена Sphere. Истата има за цел да ги открие и реагира на дезинформации или лажни вести на социјалните мрежи.

Според Мета, оваа алатка автоматски скенира стотина илјади извори истовремено и проверува дали тоа што се тврди е вистинито.

Sphere во базата податоци има 134 милиони јавни интернет страници, а се основа на колективно знаење на интернетот за брзо да ги скенира податоците и бара грешки или лажни тврдења.

Ефикасноста на Sphere ја тестира најпознатата интернет енциклопедија Википедија. Како што велат од Мета, Википедија ја користи Sphere за скенирање на своите страници и означување извори кои не ги поткрепуваат тврдењата кои се наведени.

Од Мета велат дека Sphere може да го препознае изворот, да предложи подобар или да даде поправка на некоја информација. Со оглед на тоа дека Википедија има милиони објаснувања на поими и теми, а секој месец се внесуваат илјадници нови, јасно е дека им е потребна сета помош која можат да ја добијат за проверка на сите податоци.