Еко-борци се залепија за диносаурус во Виена


Изведбата во музејот во Виена треба да ги убеди властите да воведат ограничување на брзината од 100 км/ч на автопатите. Двајца климатски активисти денеска се залепија на штандот за диносауруси во Природонаучниот музеј во австриската престолнина во знак на протест против владините политики за фосилни горива. Додека самиот скелет не претрпел никаква штета, акробацијата набрзо …

Еко-борци се залепија за диносаурус во Виена Read More »

Иран се пофали дека развил хиперсонично оружје


Балистичката ракета наводно има способност да маневрира во и надвор од атмосферата, откри ирански командант. Иран развил балистичка ракета способна да лета со хиперсонична брзина, изјави денеска воен офицер од оваа земја. Системот е дизајниран за да уништува непријателски антиракетни одбрани и може да маневрира и во и надвор од атмосферата, нагласувајќи го неговиот долг …

Иран се пофали дека развил хиперсонично оружје Read More »

Малолетна скопјанка нападната од друга малолетничка во Ѓорче Петров


Повторно регистриран физички напад меѓу малолетници во Скопје. Имено, вчера (09.11.2022) во 18.30 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, 51-годишен скопјанец, пријавил дека претходно на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната неговата малолетна ќерка, од страна на друга малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи. На физичкиот напад му претходело нивно меѓусебно недоразбирање. Полицијата …

Малолетна скопјанка нападната од друга малолетничка во Ѓорче Петров Read More »

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајка кај Св. Ерaзмо


Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17 часот на патниот правец Охрид – Струга, кај Св. Ерзамо. Во несреќата како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, учествувале три возила, пренесе Охридњус. Дознаваат дека во незгодата животот го загубило едно лице, а четири се здобиле со повреди. На местото на настанот во тек …

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајка кај Св. Ерaзмо Read More »

Акција во Скопје, пронајдени оружје, муниција, дронови


 Полициски службеници од СВР Скопје денеска заедно со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ реализираа голема акција во Скопје. Во акцијата, како што информираат од полицијата, се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела. При претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела. Повеќе информации …

Акција во Скопје, пронајдени оружје, муниција, дронови Read More »

Средба на премиерот Ковачевски со архиепископот г.г. Стефан


Премиерот Ковачевски информира дека денеска остварил средба со Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан на која размениле мислења за повеќе актуелни теми. Ковачевски преку неговиот фејсбук профил истакна дека со архиепископот помеѓу другото разговарале и за предизвиците од енергетската криза и за поддршката на најранливите категории. Денеска имав чест со Архиепископот …

Средба на премиерот Ковачевски со архиепископот г.г. Стефан Read More »

Шахот почна да се изучува во основните училишта во Скопје


Две основни училишта на територијата на Град Скопје се првите кои воведоа изучување на шахот од прво до четврто одделение, а има најава да им се приклучат и други образовни институции, соопшти Шаховската федерација на Македонија (ШФМ). Три месеци откако Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука ја одобрија наставната програма, шахот како предмет е воведен во четири одделенија во …

Шахот почна да се изучува во основните училишта во Скопје Read More »

За време на Светското првенство во фудбал ќе има директни летови од Тел Авив до Доха


Фудбалските навивачи од Израел и од палестинските територии ќе можат да патуваат во Катар на Светското првенство со директни чартер летови од Тел Авив според договорот објавен денеска од ФИФА. Чартер летови до Доха од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, ќе бидат достапни за сите Палестинци. Договорот се однесува и …

За време на Светското првенство во фудбал ќе има директни летови од Тел Авив до Доха Read More »

Два питбула искасале скопјанец


Тешко повреден 77-годишник од Скопје откако го нападнале кучиња од расата питбул, кои биле придружувани од сопственикот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 08.11.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил на ул.„Франце Прешерн” во Скопје, на кејот на реката Вардар. -Две кучиња од расата питбул, со сопственик, го …

Два питбула искасале скопјанец Read More »

Повреден малолетник од Гостивар


Шестнаесетгодишник од Гостивар вчера бил повреден откако врз него паднале метални предмети (арматурни шипки). Тој поминувал покрај објектот, кој бил во градба. Како што информира МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово. Според пријавата, од објект во изградба на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 65-годишниот Х.А. од гостиварски Вруток, паднале метални предмети (арматурни …

Повреден малолетник од Гостивар Read More »

Вучиќ: Имаше можност за средба со Курти во Париз, но не верувам дека тоа ќе се случи


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека постои можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, но дека не верува дека тоа ќе се случи. Вучиќ на новинарите во Париз, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека разговарале за Косово, билатералните односи, европската перспектива на Србија, соработката на стопанските комори и дека …

Вучиќ: Имаше можност за средба со Курти во Париз, но не верувам дека тоа ќе се случи Read More »

Tројца вработени во ЈСП си присвоиле 500.000 евра од дневниот промет


 Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии. – Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења …

Tројца вработени во ЈСП си присвоиле 500.000 евра од дневниот промет Read More »

Аналитичар: Војната ќе заврши кон крајот на летото 2023 година, ќе победи Украина


  Мајк Мартин, виш соработник за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на летото во 2023 година. Додава дека може да се насети „дека на крај Украина ќе ја добие војната“. Во интервју за радио Тајмс д-р мартин вели. „кога велам победа, мислам …

Аналитичар: Војната ќе заврши кон крајот на летото 2023 година, ќе победи Украина Read More »

Грковска за образованието: Веќе немаме право на грешки


Подобрувањето на начинот на кој се распределуваат и користат ресурсите е клучно за сите основни училишта да обезбедат квалитетно образование според националните образовни и инфраструктурни стандарди. Ова е заклучокот од состанокот  за можностите за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование, предводен од заменик-претседателката на Владата задолжена за политики на добро …

Грковска за образованието: Веќе немаме право на грешки Read More »

Франција го прекинува прифаќањето на 3.500 бегалци од Италија


 Франција одлучи да го прекине приемот на 3.500 бегалци од Италија во знак на протест поради тоа што земјата не сака да дозволи бродот „Океан Викинг“ да се закотви на нејзиниот брег, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Тој потсети дека европскиот механизам овозможува преместување на бегалците во други европски земји и …

Франција го прекинува прифаќањето на 3.500 бегалци од Италија Read More »

Бектеши: Сѐ уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември


Сѐ уште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Се уште не е донесена одлуката …

Бектеши: Сѐ уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември Read More »

Насилство во Врање: Ученици биле принудени да шетаат голи во училница


Невиден случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“. Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување. Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат …

Насилство во Врање: Ученици биле принудени да шетаат голи во училница Read More »

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол


Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА е принудена повторно да ја одложи мисијата „Артемис 1“, овојпат поради тропската бура Никол што се приближува до Флорида. „Промената на датумот на лансирање ќе ѝ овозможи на нашата работна сила да се грижи за своите семејства и домови и да се врати по бурата, за повторно да се …

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол Read More »

Најмалку 10 жртви во пожар на Малдивите


Најмалку 10 лица загинаа во пожар што зафати дом на работници мигранти во Мале во раните утрински часови, соопштија одбранбените сили на Малдивите, пренесе германската новинска агенција ДПА. Пожарот изби во гаража на приземје, за потоа да се прошири на првиот кат, каде се наоѓаа просториите на работниците. Во зградата беа сместени 38 работници, најголем …

Најмалку 10 жртви во пожар на Малдивите Read More »

Шакири ќе го оптимизира образованието: Некаде нема ученици, а има училишта


Оптимизација на училишната мрежа во основното образование и креирање на нови формули за финансирање на основното и средното образование се меѓу клучните компоненти на планот за реформирање на националниот образовен систем и на нив во моментов работиме заедно со Светска банка и УНИЦЕФ. Целта е подобро искористување на расположливите ресурси, постигнување на поголема ефикасност и …

Шакири ќе го оптимизира образованието: Некаде нема ученици, а има училишта Read More »