Аналитичар: Војната ќе заврши кон крајот на летото 2023 година, ќе победи Украина


 

Мајк Мартин, виш соработник за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на летото во 2023 година. Додава дека може да се насети „дека на крај Украина ќе ја добие војната“.

Во интервју за радио Тајмс д-р мартин вели. „кога велам победа, мислам на исфрлање на руската војска од украинските суверени територии, меѓу кои и Крим и Донбас“.

„Логистиката крајно е клучна во војувањето. Аматери зборуваат за тактика, а професионалци за логистика. Тоа всушност и беше намерата на Украина. Во август претседателот Зеленски рече дека од септември ќе почнат да го напаѓаат Херсон. Еве, поминаа два месеца, а Русите се повлекуваат од херсон“, вели Мартин.

„Она што Украинците го направија многу, многу добро во текот на последните два, три месеци е што го срушија Керчкиот мост, кој беше важна линиија на достава. Нападнаа железнички магацини, складишта за гориво, железнички пруги“, додава.

Вели дека војската без линијата за достава не може да да се брани, па Русите беа присилени на повлекување. Д-р Мартин заклучува дека војната веројатно ќе заврши кон крајот на летото во 2023 година по притисок од двете страни во март и по „зимскиот застој“.