Малолетна скопјанка нападната од друга малолетничка во Ѓорче Петров


Повторно регистриран физички напад меѓу малолетници во Скопје.

Имено, вчера (09.11.2022) во 18.30 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, 51-годишен скопјанец, пријавил дека претходно на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната неговата малолетна ќерка, од страна на друга малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На физичкиот напад му претходело нивно меѓусебно недоразбирање.

Полицијата работи на расчистување на случајот.