Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајка кај Св. Ерaзмо


Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17 часот на патниот правец Охрид – Струга, кај Св. Ерзамо. Во несреќата како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, учествувале три возила, пренесе Охридњус.

Дознаваат дека во незгодата животот го загубило едно лице, а четири се здобиле со повреди.

На местото на настанот во тек е увид, а сообраќајот се пренасочува.

Подоцна МВР соопшти дека денеска околу 16.40 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево.

„Денеска околу 16.40 часот на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се 5 лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо’ и во охридската Општа болница“, информира МВР.