ЕСМ не одговорил на понудата на „Макпетрол“ за набавка на гас за ноември за парното во Скопје


Од причина што грејната сезона започна на 15-ти октомври, сè поизвесно е прашањето за производство на топлинска енергија и загревање на објектите во градот Скопје, за месец ноември. Макпетрол АД ја известува пошироката јавност дека минатата недела, на 12-ти октомври достави Понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец …

ЕСМ не одговорил на понудата на „Макпетрол“ за набавка на гас за ноември за парното во Скопје Read More »

Арсовска се заканува со автобуси на ЈСП пред Влада и пред институции


Јавниот превоз во Скопје е под неколкудневни закани. Најпрво синдикатот излезе со предупредување дека доколку не им се исплати септемвриската плата, нема да возат по скопските улици. Но, откако од градот најавија дека деновиве ќе биде исплатена платата, штрајкот беше откажан.  Сепак, денеска најпрво генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, со поддршка од новиот директор …

Арсовска се заканува со автобуси на ЈСП пред Влада и пред институции Read More »

RISE Journey III: Повик за млади со идеи за социјални и зелени бизниси


Проектот RISE официјално го отвори третиот повик за поддршка на млади претприемачи од регионот на Западен Балкан за развој на идеи за социјални претпријатија. RISE програмата нуди едукативна и финансиска поддршка која им помага на младите да ги трансформираат идеите во бизниси кои им помагаат на заедниците и ја заштитуваат животната средина. АРНО ги повикува …

RISE Journey III: Повик за млади со идеи за социјални и зелени бизниси Read More »

Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни, предаторите се повеќе го користат интернетот


Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни. Генерално, трговијата со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку Интернет, а загрижува и фактот што возрасната граница се намалува и доколку жртвите пред десетина години биле од 16 години нагоре, сега жрвтите се од 10 до 17 години. Криминалците се повеќе …

Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни, предаторите се повеќе го користат интернетот Read More »

Се пробива улица од „Партизанска“ до Дебар маало


По цели 20 години се пробива крак на улицата „Партизанска“ во Дебар Маало преку новопроектирана улица со што граѓаните на тој потег ќе може непречено да стигнуваат до своите домови. Согласно правосилното Одобрение за градба УП1 бр.27-238 од 03.08.2022 година издадено од Општина Центар, се спроведува градежна активност во реонот, согласно ДУП за Дебар Маало …

Се пробива улица од „Партизанска“ до Дебар маало Read More »

Македонското Собрание има фитнес-сала, но никој не ја користи


Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во утринската емисија „Магазин“ на Сител рече дека фитнес-салата „од одредени“ причини е надвор од употреба во Собранието. Вели дека таму веќе никој не вежба откако поради ковид-мерките била затворена. – Ја користевме теретаната, поради одредени причини сѐ уште не е отворена, иако знаеја понекогаш да ја …

Македонското Собрание има фитнес-сала, но никој не ја користи Read More »

Волонтерскиот центар Скопје ќе чисти низ градските општини


Волонтерскиот центар Скопје денеска ја организира првата екоакција и тоа во Кисела Вода. Ќе се чисти во паркот „11 Октомври“ покрај трим патеката. -Ќе се рашириме низ паркот и патеката за џогирање за да го ослободиме местото од ѓубре. Ќе имаме кеси, ракавици, вода и овошје за сите вредни волонтери. Погрижете се да дојдете со …

Волонтерскиот центар Скопје ќе чисти низ градските општини Read More »

Ако Матка стане споменик на природата ќе биде една од главните туристички еко дестинации


По долг консултативен процес, Министерството за животна средина и просторно планирање на вчерашната јавна расправа го презентираше Нацртот на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата, во кој се предлага категоријата на заштита, зонирањето на заштитеното подрачје, како и начинот на управување. Расправата ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој истакна дека Кањонот …

Ако Матка стане споменик на природата ќе биде една од главните туристички еко дестинации Read More »

Инвестициите на Руси во недвижен имот во Турција зголемени за речиси 200 отсто оваа година


Руските инвестиции во недвижности Турција се зголемија за 199 проценти во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период од 2021, покажаа податоци од турскиот статистички институт. Според податоците, руските граѓани купиле околу 9.311 домови во периодот од јануари до септември. Продажбата на имот на странци в целата земја се зголеми за 32.5 отсто …

Инвестициите на Руси во недвижен имот во Турција зголемени за речиси 200 отсто оваа година Read More »

ЕУ со рекордно производство електрична енергија од обновливи извори


Европската унија од почетокот на руската инвазија врз Украина произведува електрична енергија од обновливи извори повеќе од било кога досега. Според податоците објавени во студијата изготвена од тинк-тенковите „Ембер“ и „ЕЗГ“, во периодот од март до септември 24 отсто од електричната енергија во ЕУ била произведена од соларни електроцентрали и оние на ветар. Споредено со истиот …

ЕУ со рекордно производство електрична енергија од обновливи извори Read More »

Британија се обидува да го запре регрутирањето британски пилоти за обука на кинеската војска


Британското Министерство за одбрана предупреди на шеми за регрутирање поранешни британски воени пилоти за обука на кинеската војска, јави ДПА. Тие тврдат дека кинеските власти сакаат со големи суми пари да привлечат поранешни британски воени пилоти, за да го пренесат своето знаење на кинеската армија. Се наведува дека околу 30 поранешни британски воени пилоти веќе …

Британија се обидува да го запре регрутирањето британски пилоти за обука на кинеската војска Read More »

Администрацијата на Бајден планира да продава нафта од стратешките резерви


 Администрацијата на Џо Бајден планира да продава нафта од стратешките нафтени резерви во обид да ги намали цените на горивата пред изборите за Конгресот следниот месец, тврдат добро упатени извори, јавија дел од британските медиуми. Со продажбата, на пазарот ќе отидат останатите 14 милиони барели од претходно најавените од Бајден и досега најголемото земање од …

Администрацијата на Бајден планира да продава нафта од стратешките резерви Read More »

Пленковиќ ќе го претстави шестиот извештај за состојбата на државата и нацијата


 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска пред Парламентот ќе го претстави годишниот извештај за работата на Владата и затоа нема да присуствува на седницата на Антикорупцискиот совет, каде треба да го слушне поранешното раководство на ИНА за работата на таа компанија. Пленковиќ ќе го поднесе Извештајот за состојбата на државата и нацијата ден пред шестгодишнината од …

Пленковиќ ќе го претстави шестиот извештај за состојбата на државата и нацијата Read More »

Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред


Веќе 12-та година по ред, слободата на интернетот опаѓа на глобално ниво, се вели во извештајот на Фридом Хаус, кој ја гледа причината во влошувањето на условите главно во Русија, но и во Мјанмар, Судан и Либија. „Руската инвазија врз Украина ја ослабе слободата на интернет не само во Русија и Украина, туку и во …

Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред Read More »

Пелистер поуспешен од ТФТ во македонскиот дуел во АБА2-лигата


Кошаркарите на Пелистер го победија ТФТ со 75:65 синоќа во првото коло од регионалната АБА2-лига. Битолчани до победата беа предводени од Сеад Хаџифезовиќ кој натпреварот го заврши со 28 поени, Недим Мустафица постигна 16, Димитар Караџовски 12. Во поразената екипа се истакна Мекбрајер со 14 поени. Во второто коло, Пелистер утре ќе се соочи со …

Пелистер поуспешен од ТФТ во македонскиот дуел во АБА2-лигата Read More »

Украина тврди дека Русија „киднапирала“ две лица од нуклеарната централа „Запорожје“


Украинската државна агенција за нуклеарна енергија   ја обвини денеска  Русија дека привела двајца вработени од нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина. Во соопштение на социјалните мрежи, Енергоатом нагласи дека руските сили синоќа го „киднапирале“ шефот на информатичката технологија Олег Костјуков и помошникот генерален директор на фабриката Олег Ошека. Според Енергоатом, …

Украина тврди дека Русија „киднапирала“ две лица од нуклеарната централа „Запорожје“ Read More »

Девојчињата добиваат повисоки оценки од момчињата, научниците открија зошто


Девојчињата често добиваат повисоки оценки од момчињата со исти академски способности, покажа ново истражување. Италијанските научници спроведоа анализа на работата на десетици илјади ученици и учители, односно наставници, и сфатија дека се работи за проблем внатре во системот. Резултатите од студијата, објавени во списанието „Британски журнал за социологија и образование“ (British Journal of Sociology of …

Девојчињата добиваат повисоки оценки од момчињата, научниците открија зошто Read More »

Шолц: Нема гасење на последните три германски нуклеарни централи


Германија ќе ја продолжи работата на своите последни три нуклеарни централи најмалку до април 2023 година, изјави во понеделникот канцеларот Олаф Шолц. „Ќе создадеме правна основа за работа на нуклеарните централи Isar 2, Neckarwestheim 2 и Emsland по 31 декември 2022 година, до 15 април 2023 година“, се наведува во писмото на канцеларот до владата, …

Шолц: Нема гасење на последните три германски нуклеарни централи Read More »

Нови удари на Харкoв и на родниот град на Зеленски


Градовите Дњепро, Харкoв и Криви Рих, утрово се под воздушен напад од Русија, а забаележани се штети на инфраструктурата. Според Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во Дњепро сериозни оштетувања има на енергетскта инфраструктура. Ќелникот на војската на администрацијата во Харкoв утрово објави дека Русија покренала нови удари на градот Харкiв …

Нови удари на Харкoв и на родниот град на Зеленски Read More »

Франција треба да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот


Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА. Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот …

Франција треба да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот Read More »