Волонтерскиот центар Скопје ќе чисти низ градските општини


Волонтерскиот центар Скопје денеска ја организира првата екоакција и тоа во Кисела Вода.

Ќе се чисти во паркот „11 Октомври“ покрај трим патеката.

-Ќе се рашириме низ паркот и патеката за џогирање за да го ослободиме местото од ѓубре. Ќе имаме кеси, ракавици, вода и овошје за сите вредни волонтери. Погрижете се да дојдете со вашите пријатели и да направиме нешто корисно додека уживаме под сонцето, информираа оттаму.

Од Волонтерскиот центар ги најавија и своите следни акции на неколку локации низ Скопје.

-Следните 6 недели ќе одиме во секоја општина во Скопје за да организираме акција за чистење, како дел од проектот „Средношколците за чисто Скопје“. Локациите и термините ќе бидат објавени посебно за секоја акција. Доколку имате на ум некое валкано место во вашето соседство, слободно пратете ни порака и можеме да дојдеме кај вас, велат од Волонтерскиот центар.