Пелистер поуспешен од ТФТ во македонскиот дуел во АБА2-лигата


Кошаркарите на Пелистер го победија ТФТ со 75:65 синоќа во првото коло од регионалната АБА2-лига.

Битолчани до победата беа предводени од Сеад Хаџифезовиќ кој натпреварот го заврши со 28 поени, Недим Мустафица постигна 16, Димитар Караџовски 12.

Во поразената екипа се истакна Мекбрајер со 14 поени.

Во второто коло, Пелистер утре ќе се соочи со Шенчур, додека ТФТ ќе ги одмери силите со Сутјеска.

Натпреварите се играат во Златибор, Србија.