Нови удари на Харкoв и на родниот град на Зеленски


Градовите Дњепро, Харкoв и Криви Рих, утрово се под воздушен напад од Русија, а забаележани се штети на инфраструктурата.

Според Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во Дњепро сериозни оштетувања има на енергетскта инфраструктура.

Ќелникот на војската на администрацијата во Харкoв утрово објави дека Русија покренала нови удари на градот Харкiв и околината. На жителите им препорача да останат во засолништа.

„Внимание до сите жители на Харкoв и регионот: Руските окупатори напаѓаат. Останете во засолништата“, објави тој на Телеграм.

Командантот на воената администрација на Криви Рих, Олександр Викул, на Телеграм објави дека во градот од утринава одекнуваат експлозии.

„Околу 6.30 часот окупациско-теористичките сили го нападнаа северниот дел на Криви Рих. Можни се наpади, останете во засолништата во текот на воздушната тревога“, објави тој.

Криви Рих, инаку е родниот град на претседателот Володимир Зеленски.

Порано утринава во Криви Рих се огласија сирените за воздушна тревога, а Викул предупреди дека „проектилите пристигаат“.